Честит ден на сите готвачи!

Фото: Pexels
154

Низ целата планета, 20 октомври е познат и како Светски ден на готвачите. Готвењето е еден вид уметност, бидејќи бара голема вештина во мешањето на состојките кои треба да ги задоволат сите пет сетила. И навистина, не може секој да биде готвач, затоа што треба, пред сѐ, да ја сакате оваа работа

Денеска (20. октомври), се прославува Меѓународниот ден на готвачите, чија професија важи за една од најстарите професии на светот. Имено, првите рецепти се зачувани уште од времето на древните цивилизации. Затоа, не е тешко да се открие што сакал да јаде еден цар или фараон пред илјадници години.

На крајот на средниот век, Италија станала центар на кулинарската извонредност. Во Русија, професијата готвач се појавила во 11 век, а кулинарската уметност како посебна наука се појавила дури во 18 век, кога Санкт Петербург станал средиште на кулинарскиот развој.

Меѓународниот ден на готвачите почнал официјално да се одбележува во 2004. година, во повеќе од 70 земји на светот. На овој ден готвачите организираат дегустации на разни јадења, изложби, а исто така организираат натпревари во вештини, споделувајќи го своето искуство во готвењето необични јадења. Овој датум е утврден како празник на иницијатива на Светската асоцијација на кулинарски заедници (Worldchefs). Оваа организација вклучува повеќе од 8 милиони претставници на кулинарската професија од различни земји …
Од 2004 година, Worldchefs е посветена на користење на Меѓународниот ден на готвачите за да ја прослави оваа благородна професија, секогаш нагласувајќи дека нивна должност е да ги пренесат своите знаења и кулинарски вештини на следната генерација готвачи со чувство на гордост и посветеност како залог за иднината.

Во последниве години, Worldchefs се посветила на организирање забавни работилници за деца низ целиот свет за да ги научи децата ширум светот за важноста на здравата исхрана.