Ви пренесуваме проверен рецепт за кафе со тиква

Фото: Unsplash
211

Станува збор за кафе збогатено со мешавина од зачини кои содржат морско оревче, цимет, ѓумбир и каранфилче. За да подготвите една шолја од ова вкусно кафе ќе ви бидат потребни 10 минути, а штом ќе го пробате ова необично ароматично кафе, ќе разберете зошто стана апсолутна сензација ширум светот.

Кафето со додаток на тиква беше популаризирано од Starbucks, а многу брзо Pumpkin spice latte неформално беше прогласен за официјален напиток на есента. Дека е блиску и зимата најавува комбинацијата од кафе, цимет и каранфилче.
Богата со витамини и антиоксиданти, тиквата лесно се комбинира во сите јадења, од супи до десерти, па со право ја нарекуваме „кралица на есента“. Покрај тоа, тиквата е и одлична декорација.

Едноставно, во овие сиви и студени денови не можете да им избегате на портокаловите тикви.
Во прилог на тоа оди и ултимативниот есенски тренд – pumpkin spice latte. Идеалниот напиток за постудените денови многу лесно се прави дома.

За што станува збор?

Станува збор за кафе збогатено со мешавина од зачини кои содржат морско оревче, цимет, ѓумбир и каранфилче. За да подготвите една шолја од ова вкусно кафе ќе ви бидат потребни 10 минути, а штом ќе го пробате ова необично ароматично кафе, ќе разберете зошто стана апсолутна сензација ширум светот.

Состојки:
шолја сварено кафе
чаша растително млеко
3 лажици пире од тиква
1 лажица кафеав шеќер
2 лажички екстракт од ванила
половина лажичка мешани зачини (цимет, ѓумбир, морско оревче, каранфилче)
евентуално, растителен шлаг


Приготвување:
Излупената тиква исечкајте ја на парчиња и варете додека не омекне. Исцедете го и изгмечете го во пире, а ако ви е полесно, можете да ја ставите во блендер. Во тенџере загрејте го млекото, додајте го пирето, зачините, екстрактот од ванила, шеќерот и мешајте додека не стане пенливо. Во кафето додадете го врелото млеко, одозгора ставете го шлагот и зачинете со мешавината од зачини.

Овој пијалак ни се допаѓа и затоа што е „зелен“. Секогаш кога правиме супа од тиква, правиме пире од останатото месо од тиквата кое стои во фрижидерот и го користиме секој ден за ова одлично есенско лате. Нула отпад – проверете!