Чоколаден колач со тајна состојка и само 167 калории

Фото: Freepik
438

Тајната состојка на овој сочен и цврст колач е спанаќот. Наведените состојки се за 16 колачи, а 1 колач има 167 ккал. Потребни се 10 минути за подготовка и 35 минути за печење.


Состојки:

90 гр листови спанаќ

190 мл растително млеко

250 гр нерафиниран шеќер

2 лажици растопено кокосово масло

165 г интегрално пченично брашно

60 гр какао во прав

1 лажичка сода бикарбона

1/4 лажичка сол

75 гр чоколадни капки

Овие состојки се за 16 колачи, а 1 колач има 167 ккал. Потребни се 10 минути за подготовка и 35 минути за печење.

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Намрсете калап со димензии од 20х20 сантиметри. Спанаќот и млекото изблендирајте ги во процесор за храна додека не се изедначи. Истурете во сад и додадете шеќер и кокосово масло.

Во друг сад просејте ги брашното, какаото во прав, сода бикарбоната и солта. Во течните се додаваат сувите состојки и се меша додека не се добие густо тесто. Измешајте ги парчињата чоколада. Истурете го тестото во подготвениот калап и печете 35 минути или проверете со чепкалка за заби, која треба да биде сува кога ќе ја извадите; тестото може да остане малку влажно во средината. Оставете да се излади, па послужете.

Рецептот е преземен од книгата „Зелен зеленчук за секој ден – Брзи, лесни и вкусни рецепти со кои во секој оброк ќе внесете зелен зеленчук“, од Џесика Надел.