Чоколаден пудинг со само 2 состојки

Фото: Unsplash
185

Имаме одличен рецепт за чоколаден пудинг кој е готов за само неколку минути, а е вкусен и здрав!

Чоколадниот пудинг е класичен, едноставен десерт кој сите сме го правеле како деца.

Се загрева млекото, се додава прашокот за пудинг и малку шеќер, се става да зоврие и се става во чинии.

Брзо се прави, но сепак треба да почекате пудингот да се излади…

Што ако ви кажеме дека имаме одличен рецепт за уште побрз чоколаден пудинг кој е готов за само неколку минути, потребни ви се само 2 состојки и – не треба да го варите?

Го пробавме и сме воодушевени, затоа ви го пренесуваме овој генијален рецепт!

Чоколадо и тофу – совршена комбинација!

Пред да започнете со подготовка на овој генијален чоколаден пудинг, треба да ги набавите вистинските состојки, односно – само 2 состојки!

Првата е чоколадата, која ја избирате по вкус – оние кои сакаат послатки десерти ќе изберат млечно, а оние кои сакаат помалку слатки десерти ќе изберат темно чоколадо.

Втората состојка е тофу, односно сирење од соја.

За овој рецепт за брз чоколаден пудинг ќе ви треба таканаречениот свилен тофу, односно најмекиот вид на тофу, кој лесно може да се згмечи во блендер и да даде текстура на густ крем. Овој вид тофу одлично ќе оди со стопеното чоколадо во овој генијален десерт.

Сол и други адитиви кои прават разлика

За овој рецепт потребно е добро да го исцедите тофуто, да го стопите чоколадото и двете да ги соедините во блендер.

Ништо полесно!

Можете исто така да додадете прстофат сол, што ќе помогне подобро да се истакне вкусот на чоколадото.

Во овој рецепт можете да ги додадете вашите омилени додатоци, како што се путер од кикиритки, путер од бадем, џем, шлаг, овошје, сечкани ореви…

Овој чоколаден пудинг можете да го послужите и одделно во чинии, но и како дел од други десерти, како на пример чоколадна пита филувана со овој пудинг.

Основата може да биде печено тесто како за онаа славна американска пита со јаболки или различни видови подлоги за чизкејк…

Пудинг од чоколадо и тофу

Состојки:

Свилено тофу 250 гр
Чоколадо 250 гр

Приготвување:
Чоколадото растопете го во микробранова печка или на пареа.

Откако малку ќе се излади додадете го во блендер заедно со сечканото свилено тофу.

Блендирајте со најголема брзина додека не добиете густа смеса.

Проверете дали целото тофу е исечкано и соединето со чоколадото.

Готовиот пудинг ставете го во чинии и добро изладете го во фрижидер (неколку часа) пред послужување.