Цела куќа ви смрди на кромид? Постои начин да го избегнете непријатниот мирис

Фото: Pexels
560

Овој начин на подготовка не само што ќе го спречи ширењето на мирисот, туку ќе го подобри вкусот на кромидот

Непријатниот мирис при динстањето кромид лесно се шири низ станот, поради што понекогаш е потребно да се отвори прозорец за да влезе свеж воздух во просторијата, а светските готвачи открија дека постои начин да се спречи непријатниот мирис и притоа да се подобри и вкусот на кромидот.

Тајната лежи во сода бикарбоната и шеќерот, кои се додаваат во сечканиот кромид за време на динстањето.

Ваквиот начин на подготовка го прави кромидот посочен и повкусен, а исто така го спречува ширењето на непријатниот мирис на кромидот низ домот, чиј главен виновник е сулфурот кој се ослободува од кромидот при термичка обработка.

Освен тоа, сода бикарбоната му ја дава на кромидот потребната густина која би ја добиле со подготовка на запршка, па таа нема да ви треба.

Како да се ослободите од мирисот на кромид на рацете?
Откако знаете како да се ослободите од непријатниот мирис на кромид од вашиот дом, важно е да се напомене дека постои и лесен начин да се ослободите од непријатниот мирис на кромид од вашите раце.

Една од корисничките на социјалната мрежа Тик-Ток објави видео во кое покажа дека е важно рацете да се мијат со две или три лажици оцет, а потоа со обичен сапун за раце. Со оваа постапка вашите раце за кратко време ќе станат чисти и миризливи.