Целер и лимон како лек за холестерол и притисок

Фото: Pixabay
1.185

Еден од наједноставните и најефикасните лекови кои нутриционистите им ги препорачуваат на оние со висок холестерол и висок крвен притисок е сокот од целер и лимон.

Пред да прибегнете кон синтетички лекови за намалување на холестеролот, обидете се да го решите проблемот преку исхрана. Промената на исхраната е основа за лекување на секоја болест. Според организацијата Health National Institutes, исхраната со малку натриум и богата со калиум е првата појдовна точка за оние кои страдаат од висок холестерол и висок крвен притисок.

Сок од целер и лимон – Еден од наједноставните и најефикасните лекови кои нутриционистите им ги препорачуваат на оние со висок холестерол и висок крвен притисок е сокот од целер и лимон.

Рецепт за сокот од целер и лимон
4 цели стебленца целер со листови – ½ лимон.

Измијте го лимонот со јаболков оцет или сода бикарбона, а потоа исечете го на мали парчиња. Целерот исчистете го и измијте го со јаболков оцет, па ситно исечкајте го. Ставете ги сите состојки во соковник и испијте ја добиената количина на сок во еден ден. Сокот од целер и лимон можете да го разредите со малку вода. Во овој сок можете да додадете и сок од 1 јаболко, 1 морков или 1 парче ѓумбир, ќе го подобрите вкусот, а ќе биде исто толку делотворен против холестеролот.

Терапевтски гледано, листовите од целер се многу поактивни од коренот. Според студијата на Универзитетот во Чикаго, ефектот на целерот е да го намали нивото на холестерол за 7 единици. За да го постигнете овој ефект, потребни ви се само 2 стебленца зелен целер дневно. Освен тоа, целерот ќе го зголеми лачењето на жолчните киселини, кои придонесуваат за елиминација на холестеролот.