Спелта, крупник или пира! Не е тренд, туку враќање на една заборавена здрава намирница

Фото: Unsplash
874

Иако содржи глутен, луѓето немаат толку чести реакции на спелтата како на пченицата. Таа е моќен антиоксидант и има лековити својства. Содржи големи количини на корисни влакна, ензими, минерали, витамини и поголем процент на протеини отколку пченицата. Најважно од сѐ, не поднесува ѓубрење на почвата, поради што можеме да бидеме сигурни дека е чиста и безбедна, без пестициди и хемикалии.

До неодамна спелтата беше релативно заборавена намирница, иако е исклучително здрава и корисна за човечкото тело. Постојат бројни здравствени придобивки што оваа житарка ги носи со себе. Тие вклучуваат забрзување на метаболизмот, регулирање на лачењето на половите хормони, зајакнување на коските, подобрување на имунитетот, намалување на нивото на шеќер во крвта. Последниве години спелтата доживеа целосна рехабилитација.

Инаку, спелтата потекнува од древна Месопотамија, од каде што се раширила низ светот. Кај нас е позната под името крупник или пира. Може да се смета за близок роднина на пченицата, бидејќи и двете потекнуваат од семејството Тритикум (Triticum). Сепак, крупник е всушност многу постар вид, а и денес се одгледува без употреба на пестициди или какви било генетски модификации.

Постојат пишани записи за тоа дека брашното од спелта се користело 5000 години п.н.е. кога оваа житарка се одгледувала во областа на Југозападна Азија. Во тоа време ова растение се сметало за основна храна за живот. Постепено се раширило низ целиот свет, а денес е најзастапено во Северна Америка.

Нашите предци го користеле во исхраната секогаш кога се чувствувале исцрпени и слаби. Кога станува збор за одгледување, спелтата е исклучително отпорна на болести кои обично ја погодуваат и ѝ штетат на пченицата. Покрај тоа, не ѝ пречи малку поостра и постудена клима, па затоа успешно се одгледува на северот на Европа и во Германија.

Пченицата ја потиснала спелтата од причина што била поевтина и многу полесна за обработка. Поради ова, практично стана примарна кога е во прашање исхраната на луѓето. До неодамна, не се обрнуваше внимание на една важна состојка на оваа житарка – глутенот.

Овој протеин многу тешко се вари, поради што се таложи во човековите црева, создавајќи големи здравствени проблеми. Факт е дека брашното од спелта содржи глутен во помали количини и станува збор за поинаков вид кој лесно се разградува во вода. Поради оваа причина, сè повеќе луѓе се свртуваат кон овој производ, а исто така и поради бројните други здравствени придобивки што ги има.

Имено, спелтата содржи калциум, фосфор, магнезиум, железо, селен, манган, калиум, бакар, витамини Б, А, Е, бета каротен, масни киселини, протеини, итн.

Помага во регулирање и создавање на полови хормони, го подобрува имунитетот, корисна е во изградба на коските, ја зголемува дигестивната функција, го намалува холестеролот и шеќерот во крвта.

Спелтата расте подеднакво добро на сите температури што е неоспорна предност. Покрај тоа, не поднесува ѓубрење на почвата, поради што можеме да бидеме сигурни дека е чиста и безбедна, без пестициди и хемикалии. Затоа е омилена намирница во здравата исхрана.

Таа е моќен антиоксидант и има лековити својства. Содржи големи количини на корисни влакна, ензими, минерали и витамини. Покрај тоа, се покажа дека содржи поголем процент на протеини отколку пченицата.

Богата е со магнезиум, манган, фосфор, цинк, како и витамин Е. Содржи скоро двојно повеќе витамини А и витамини од групата Б, масти, фосфор и протеини, а количината на глутен е минимална. Ова ја прави одлична алтернатива за луѓето кои страдаат од нетолеранција на глутен.

Употреба на спелтата

Спелтата е погодна за луѓе од сите возрасти, врз кои има исклучително корисни ефекти.

Особено е корисна за активните спортисти бидејќи дава сила. Од друга страна, го подобрува расположението и лекува хроничен замор и проблеми со спиењето. Така, му дава скапоцена и долготрајна енергија на организмот.

Спелтата му ги обезбедува на организмот потребните протеини и влакна. Неговата употреба се препорачува при болести и настинки, авитаминоза или нерамнотежа на минералите, кардиоваскуларни проблеми, болен желудник, за подобрување на цревната перисталтика, колитис, невроза.

Консумирањето на спелта не се разликува од консумирањето на други житни култури. Може да ја консумирате изртена, варена, подготвена во леб, колачиња и солени печива, како замена за ориз и мешунки. Брашното од спелта е лесно за обработка, има добар вкус и е малку послатко од обичното брашно.

Како се меси тесто од спелта?

Спелтиното брашно често се користи за правење пици. Погодно е затоа што не постои ризик тестото да стане тврдо или жилаво.

Специфичностите на месењето на тестото со спелтино брашно се присутни како резултат на малата содржина на глутен во зрното. Секој знае дека за тестото да се меси добро и да се крене, содржината на глутен мора да биде поголема.

Кога месите тесто со спелтино брашно, треба да користите свеж квасец (стартер) или сода бикарбона.

Специфичноста на месењето е во тоа што треба да ја зголемите количината на вода. За разлика од тестото направено со пченично брашно, спелтиното брашно бара повеќе вода.