Црна ротквица – моќен народен лек за камења во бубрезите и жолчката

Фото: Freepik
201

Постојат различни природни решенија кои помагаат кај камењата во бубрезите и жолчката. Но, можеби не сте знаеле дека црната ротквица е една од нив.

Црната ротквица е исклучително ценет народен лек, кој денес со причина добива сè поголемо значење.

Ако неговиот сок го земате во комбинација со мед, многу ќе ви помогне при настинки и упорна кашлица, бронхитис и за здравјето на белите дробови.

Делува така што го чисти респираторниот систем од насобраната слуз. Освен тоа, помага при анемија и го отстранува уморот.

Овој корен помага дури и при камења во бубрезите и жолчката.

Освен што ги раствора камењата, помага и во нивна превенција. Затоа, можете да го земете ако веќе имате камења кои би сакале да ги елиминирате, но и ако сакате да го спречите нивното формирање.

Ако имате камења, најдобро е да подготвите сок од црна ротквица и веднаш да го консумирате.

Покрај тоа што од него секогаш можете да подготвите свеж сок, можете да го додадете и изрендан во салата, или да го јадете варен како додаток на супи или чорби.

Ризница на антиоксиданти и хранливи материи

Покрај изобилството на влакна, црната ротквица содржи и витамини А, Б, Ц и Е, како и минерали железо, магнезиум, калиум, бакар, селен, цинк и разни ензими.

Црната ротквица има специфичен зачинет вкус, поради супстанциите што ги содржи како сулфурни соединенија глукозинолати и мирозиназа.

Друга добра вест за црната ротквица е тоа што е нискокалорична, па затоа не мора да се грижите дали ќе се здебелите со нејзино консумирање.

Придобивките од црната ротквица за бубрезите, црниот дроб и варењето

  1. Спречува формирање на камења во бубрезите и жолчката

Сокот од црна ротквица е одлично природно средство за детоксикација кое помага во чистење на бубрезите и жолчниот меур. Благодарение на ова, со неговото консумирање, можете да спречите појава на камења.

Црната ротквица се смета за вистински тоник за црниот дроб и жолчниот меур. Овие органи се клучни не само за дигестивниот систем, туку и за целокупното здравје.

  1. Помага да се растворат веќе присутните камења

Црната ротквица делува и како благ диуретик, што значи дека го поттикнува мокрењето, а со тоа и го чисти уринарниот тракт.

Помага во растворање на камења во бубрезите и го намалува билирубинот, чиј вишок придонесува за формирање на камења во жолчката.

Глукозинолатите присутни во црната ротквица го регулираат формирањето на жолчката, го стимулираат варењето и ги раствораат камењата во жолчката.

Сокот од црна ротквица ќе го зачува здравјето на целиот уринарен тракт.

  1. Елиминира запек

Црната ротквица ја стимулира работата на жолчното кесе и благодарение на тоа помага при добро варење. Имено, токму жолчката го поттикнува варењето на мастите и протеините.

Бидејќи го стимулира лачењето на жолчката, црната ротквица ја стимулира цревната перисталтика, а со тоа го елиминира проблемот со запек.

Ги регулира нарушувањата на дебелото црево и го елиминира проблемот со надуеност и гасови.

Сок од црна ротквица – рецепт

Измијте ја црната ротквица. Не ја лупете нејзината кожа бидејќи содржи најмногу состојки кои ги раствораат камењата.

Изрендајте ја заедно со кората, ставете ја во чиста газа и добро исцедете ја за да добиете чист сок.

Консумирајте го сокот после оброк (не го земајте на празен стомак бидејќи е доста јак).

Од овој супер лековит и секогаш свежо подготвен сок дневно треба да пиете до 2,5 дцл. Можете да го цедите по малку и неколку пати на ден.

Терапијата за камења во жолчката и бубрегот со помош на сок од црна ротквица треба да трае три недели, или околу дваесет дена.