Како да направите фантастични ќофтиња од кој било зеленчук?

Фото: Freepik
704

За секогаш успешни ќофтиња од зеленчук, употребувајте ја оваа основна формула: Зеленчук + зачини + сирење + намирница што ќе ги поврзе

Дури и за оние кои не јадат месо, ќофтињата, секако, оние од зеленчук, се омилена храна. Крцкави и вкусни, тие се одличен избор и за оние кои не го сакаат вкусот на зеленчукот. Со малку сос и салата, вкусни се како лесен ручек или вечера, а најдобро од сè, можете да ги направите со она што веќе го имате во вашата кујна.

Основна формула

Зеленчукот е основата, а неговиот вкус се подобрува со сирење и зачини. Зеленчукот и сирењето одлично се комбинираат, а аромите на лук, ароматични билки и други зачини ја комплетираат приказната. Значи, основата на секоја добро плескавица е:

Зеленчук + зачини + сирење + намирница што ќе ги поврзе

Кој зеленчук да се користи?

Морковите, пашканатот и слаткиот компир е најдобро да се рендаат.
Тиквички – треба да се посолат и да се остават десетина минути да испуштат вода.
Карфиол и брокула – исто така се одлични за ова јадење. Раздвојте ги на цветчиња, сварете ги и подоцна испасирајте ги како компири па соединете ги со останатите состојки.
Блитва, спанаќ или кељ – треба да се исчистат, сварат (бланшираат), изладат, исцедат и исечкаат.
Сите споменати зеленчуци можете да ги измешате или да користите само еден вид, по ваша желба.

Пет најдобри комбинации

Фета, козјо сирење, чедар, моцарела и гауда одлично одат со ваквите зеленчукови ќофтиња, а добар е и рендан пармезан. Лукот, сечканиот власец и црвениот или млад кромид даваат фантастичен вкус. Меѓу останатите зачини секогаш можете да додадете магдонос, копар, ким, кари.

Тиквички + млад кромид + фета + свеж копар
Карфиол + лук + козјо сирење + ким
Пченка + шелот + пармезан + свеж магдонос
Сладок компир + власец + чедар + чили во прав
Кељ + црвен кромид + моцарела + пипер

Пржење или печење?

Иако се чини дека печењето е поздрав избор, ќофтињата се сепак повкусни кога се пржат бидејќи така стануваат крцкави, а освен тоа се пржат на сосема малку масло. За поздрава варијанта можете да користите интегрално брашно, а доколку сте чувствителни на глутен, брашното од наут, полно со протеини и влакна, е одличен избор.

Рецепт за ќофтиња без оглед на изборот на зеленчук

Состојки:

1 кг зеленчук по избор
1 големо јајце
1/4 или 1/2 чаша рендано сирење
1 лажица брашно за сите намени или брашно од наут
1 лажица сечкани билки или 1 лажичка мелени зачини
1 чешне мелено лук
1/2 лажичка сол
пипер
2 лажици масло

Приготвување:

Зеленчукот подгответе го во зависност од видот што сте го одбрале, сварете го и исцедете го.
Се мати јајцето, се додаваат зеленчукот и другите состојки и сѐ убаво се меша.
Проверете ја конзистентноста така што ќе направите топче и ќе го земете во раце, ако се распадне додадете уште брашно.
Загрејте го маслото во голема тава и испржете ги од секоја страна околу две до три минути.
Се ставаат на чинија обложена со салфетка за салфетката да го впие вишокот маснотии.
Можете да ги јадете топли или ладни, а со нив да послужите и некој сос или салата.
Можат да траат и до една недела во фрижидер, а можете и да ги замрзнете.