Овошјето се вари побрзо од другите намирници, па затоа треба да се јаде посебно. Ова е едно од трите ајурведски правила за тоа како треба да го јадеме овошјето
Ајурведата е традиционална индиска практика фокусирана на здравјето и долговечноста која вели дека е важно да се јаде овошје во правилни количини и во вистинско време за да се искористат неговите здравствени придобивки и да се спречат негативните последици. Овошјето ни обезбедува витамини и минерали, влакна и фитонутриенти кои го помагаат нашиот имунитет, крвниот притисок, хормоните, не штитат од болести и ја одржуваат младоста. Ајурведската лекарка д-р Димпл Џангда споделува три правила за јадење овошје.
- Јадете го само
Не го мешајте овошјето со други групи на намирници како што се мешунките, зеленчукот, житарките, млекото, јогуртот и месото бидејќи овие комбинации се претвораат во несварлив метаболички отпад или стануваат токсични. Овошјето се вари побрзо од другите намирници, па затоа се јаде посебно.
- Не по заоѓање на сонцето
Не јадете овошје по зајдисонце бидејќи дигестивните ензими од овошјето можат да влијаат на квалитетот на сонот. Јадењето овошје непосредно пред спиење, исто така, може да предизвика скок на шеќерот, што ги буди некои луѓе и ги прави да не можат да заспијат.
- Не мешајте овошје од различни групи
Овошјето брзо ферментира и може да предизвика пречки во варењето, а врз основа на функциите што ги извршуваат, според Ајурведата, постојат три широки категории на овошје што не треба да ги мешаме.
- Адстригентно овошје како јаболка, круши, незрели банани, брусница, шипки, бобинки, цреши, јагоди и лубеници се доминантни во воздухот и на земјата. Помагаат за тонирање и затегнување на ткивата, го намалуваат потењето и го отстрануваат вишокот топлина.
- Киселите овошја како лимети, лимони, шери домати, портокали, мандарини, грејпфрути, кисели бобинки, вишни, кисело грозје, киви, зелено манго и рабарбара се лесни, ја навлажнуваат устата и го зголемуваат лачењето на плунка и жолч и помагаат во чистењето на ткивата.
- Слаткото овошје како манго, зрели банани, папаја, дињи, праски, авокадо, ананас, сливи и тикви помагаат во градењето и негувањето на телото. Слаткиот вкус помага да се изградат ткива како што се коските, мускулите, забите, ноктите и косата, поради што малите деца го најмногу го сакаат слаткиот вкус.