Дали маслата од семки се здрави или не?

Фото: Pexels
298

„Маслата од семки можат да бидат здрав дел од исхраната, особено ако консумирањето на овие масла се комбинира со адекватен внес на омега-3 масни киселини, како оние што доаѓаат од рибите или од јаткастите плодови“, вели диететичарката Лорин Манакер.

Oд неодамна многумина велат дека маслата од семки се нездрави и дека треба да се избегнуваат, бидејќи предизвикуваат воспаление или се отровни. Дали има вистина во тоа?
Повеќето видеа што се појавуваат на TikTok и зборуваат за тоа колку се нездрави маслата од семки не наведуваат извори за нивните тврдења, така што многу експерти за исхрана не се согласуваат со ова.

Што се воопшто масла од семки?

Се разбира, станува збор за растителни масла направени од семки на различни растенија, како што се семки од сончоглед, соја, грозје, семе од маслодајна репка и слични семки.

„Маслата од семиња се добиваат со мелење, пресување и загревање на семето од растенијата на високи температури за да се оксидираат масните киселини што ги содржат и нивните масла да можат да се екстрахираат“, објаснува диететичарката Меди Паскариело.

Таа вели дека една од причините зошто овие масла се користат толку често е тоа што тие генерално имаат благ вкус и мирис.

Дали маслата од семки се здрави?

„Маслата од семки можат да бидат здрав дел од исхраната, особено ако консумирањето на овие масла се комбинира со адекватен внес на омега-3 масни киселини, како оние што доаѓаат од рибите или од јаткастите плодови“, вели диететичарката Лорин Манакер.

Истовремено, додава таа, точно е дека многу намирници кои се прават со нив, како што се ултра преработената и пржената храна, не се корисни за здравјето, но тоа не значи дека проблемот лежи во маслата.

Самата високо преработена храна обично содржи големи количини на натриум, шеќер и рафинирани јаглехидрати, кои доколку се консумираат прекумерно може да предизвикаат здравствени проблеми.

„Покорисно за здравјето е да се намали внесот на овие ултра-обработени и пржени јадења отколку внесувањето на овие масла“, вели Манакер.

Колку е ризично консумирањето на масла од семки кои се претходно загревани?

Маслата од семки често се загреваат на високи температури кога се прави високо обработена храна, што не е добро за здравјето на луѓето, особено кога го формираат соединението хидроксиноненал кога се загреваат над својата точка на чадење.

Тоа соединение може да доведе до здравствени проблеми како што се нарушен метаболизам и зголемен оксидативен стрес, но тоа не значи дека не треба да ги загревате тие масла дома кога готвите.
„Количината со која готвите е веројатно занемарлива и има мали шанси да има негативни здравствени ефекти“, вели Паскариело.

Дали овие масла можат да предизвикаат воспаление?

„Тие содржат различни количини на омега-3 и омега-6 масни киселини, кои се полинезаситени масти кои се сметаат за здрави. Количината на омега-3 и омега-6 масни киселини варира од едно масло од семки до друго. На пример, лененото масло содржи голема количина на омега-3 масни киселини, додека сончогледот и маслото од соја имаат малку помалку, а маслото од палмини семки ги има само во траги, но не постојат истражувања кои велат дека тие киселини влијаат на воспалителните процеси во телото.“ вели Манакер.

Едно нешто што треба да се има на ум е дека не треба да вклучите масла од семки во вашата исхрана само за да бидете сигурни дека внесувате доволно од овие важни масни киселини.

„Јаткастите плодови, цели семки, рибата и јајцата се покорисни извори на омега-6 масни киселини, во споредба со консумирањето само на масла“, објаснила Паскариело.