Дали некогаш сте се запрашале за што служи фиоката под вашата рерна?

Фото: Pexels
649

За што и да ја користите фиоката на вашиот шпорет, веројатно не е она што го замислил производителот. Еве што била првично вистинската намена на фиоката под рерната…

Повеќето луѓе веројатно немаат претстава за што всушност служи фиоката која се наоѓа под рерната на вашиот шпорет. А кога ќе помислиме дека е исто толку неверојатно да е направена само онака, за да не служи за ништо, ќе мора да истражиме и да видиме која е всушност нејзината намена.
Веројатно сте меѓу луѓето кои во фиоката под рерната чуваат мрсна хартија, фолија, капаци или калапи за мафини. Но, не е важно, бидејќи, за што и да ја користите сега, веројатно не ја користите за она за што ја намениле производителите. Еве која била вистинската намена на фиоката под рерната…

Имено, оваа фиока всушност служи за одржување на топлината на храната!

Тоа е таканаречената „топла фиока“ во која можете да ја ставите храна по печењето и таа ќе остане на потребната температура за сервирање.

Ако сè уште го имате упатството за шпоретот, проверете што пишува. Повеќето од нив имаат ваков опис: Фиоката е дизајнирана за да ја одржува топлата храна топла на температура за сервирање. Секогаш ставајте ја топлата храна во неа. Ладната или храната на собна температура не може да се загреат во топлата фиока.

Ако сè уште не сте ја користеле, може да биде корисно кога вашите гости доцнат да ја ставите храната таму за да остане топла.

Но, ако ви се чини дека е премногу блиску до подот за во неа да се става храна, фиоката може да ви служи за складирање тенџериња, тави или капаци.