Дали вашите банани често стануваат кафеави пред да успеете да ги изедете? Овие трикови ќе им го продолжат рокот на траење

Фото: Unsplash
166

Ако ниту еден од триковите не функционира, ние ви подготвивме уште еден одличне рецепт за леб од банана со кој не можете да згрешите

Колку и да го сакаме лебот од банана и паметното искористување на презрелите банани, понекогаш само сакаме да изедеме совршено зрела банана, без никаква обработка, за ужина или како додаток во житарки за појадок, па се разочаруваме кога ќе видиме дека плодовите во корпата за овошје наеднаш потемнеле и станале непривлечно кафеави. За среќа, сè уште постојат начини кои потенцијално можат да го забават потемнувањето на бананите.

Најчесто кога купувате банани ги ставате во пластична кеса за да ги измерите, но штом ќе стигнете дома извадете ги од кесата – затоа што тоа го забрзува нивното созревање. Исто така, ставањето повеќе видови овошје во една чинија може да влијае на тоа колку брзо созреваат бананите.

За да го забавите самиот процес на зреење, завиткајте пластична фолија околу дршките на бананите, каде што тие се држат заедно. На овој начин ќе го намалите контактот на петелките со надворешното влијание. Меѓу другото, избегнувајте директна сончева светлина и топлина, бидејќи тоа го забрзува процесот на потемнување, па затоа чувајте ги бананите на ладно и темно место.

Исто така, бананите не се единственото овошје кое ослободува многу етилен додека созрева. Јаболката, крушите, компирите, авокадото и доматите исто така го ослободуваат, па затоа држете ги бананите подалеку од нив за да не созреат премногу брзо. Меѓутоа, ако сте задоцниле, а бананите се веќе зрели – чувајте ги во фрижидер.

И ако ништо друго не успее и сепак останете со презрели, кафени банани, можете да го направите овој леб од банана. Во продолжение ви претставуваме испробан и проверено добар рецепт.

Леб од банана

Фото: Unsplash

Состојки:
2-3 презрели банани
75 г путер или околу 70 мл масло од тиква
30 г шеќер
1 лажичка сода бикарбона
1 јајце
малку екстракт од ванила
100 г чоколадо
190 г брашно

Приготвување:

Во сад изгмечете ги бананите со вилушка за да се формира каша, додадете растопен путер или масло од семки од тиква и добро измешајте за да се соединат состојките. Додадете го изматеното јајце, шеќерот, сода бикарбоната и екстрактот од ванила и сè измешајте. Додадете го брашното и мешајте додека не добиете еднолична густа смеса. Додадете сечкано чоколадо или зачини (цимет, какао во прав), измешајте и истурете во тавче кое претходно сте го подмачкале и набрашниле. Ставете ја во рерна загреана на 180 °C и печете околу половина час или додека чепкалката за заби не излезе чиста од бисквитот.