Дали го знаете испробаниот и вистински метод за тестирање дали јајцето е добро за употреба? Решението е едноставно
Ако сте заборавиле на кутијата со јајца па во меѓувреме им истекол рокот, не избрзувајте да ги фрлите. Иако датумот на употреба кој го пишува на кутијата за јајца вели дека е истечен, понекогаш јајцата остануваат свежи и по тој датум.
Дали го знаете испробаниот и вистински метод за тестирање дали јајцето е добро за употреба?
Решението е едноставно
Сѐ што треба да направите е да го ставите јајцето во сад со вода.
Ако јајцето лежи на страна, на дното, сѐ уште е сосема свежо.
Ако јајцето стои исправено на дното, добро е за јадење, но треба да се јаде што побрзо, или тврдо варено.
Ако јајцето исплова до врвот, не е добро за јадење.
Зошто овој метод е точен?
Лушпите од јајцата се многу порозни. Со текот на времето воздухот поминува низ лушпата во јајцето, а повеќе воздух влегува низ лушпата, неговиот рок на траење се намалува. Исто така, колку повеќе воздух влегува во лушпата, толку јајцето повеќе лебди кога ќе се стави во вода.
Дали некогаш сте го пробале овој метод за тестирање на свежината на вашите јајца? Дали се покажал точен?