Дали знаете кога храната се витка со сјајната, а кога со мат страната на алуминиумската фолија?

Фото: Pexels
7.103

Алуминиумската фолија има две страни и секоја од нив има своја функција. Затоа, ако не знаевте досега, прочитајте кога и за што се употребува секоја од нив

Алуминиумска фолија. На прв поглед, тоа е банална, но корисна работа што повеќето луѓе ја имаат во своите кујни. Иако долго време се дебатира за нејзиното потенцијално штетно влијание врз квалитетот на храната и општо врз здравјето, не постои човек што не ја користел барем еднаш, а огромното мнозинство сè уште ја користат секојдневно. Алуминиумската фолија има неколку функции – освен што служи за пакување храна, придонесува и за одржување на свежата храна и спречува апсорпција и истекување на мириси.

Дали знаевте дека е важно од која страна ја користите, односно дека фолијата има две страни со различна намена?

Која е целта на сјајната страна, а за што служи мат страната на фолијата?

Ако внимателно ја погледнете текстурата и бојата на алуминиумската фолија, јасно ќе ја видите разликата – едната страна е сјајна, а другата е мат. Повеќето од нас имаат своја омилена страна која ја сметаме за „вистинска“, но всушност има логично објаснување кога храната треба да е завиткана во сјајната страна, а кога во онаа мат страна. Едноставно кажано, сјајната страна е дизајнирана за чување топла храна, додека мат страната или несјајната страна е наменета за чување на ладна храна.

Ако ја оставите сјајната страна однадвор, таа ќе ја одбива топлината и брзо ќе ја излади храната, додека со мат страната, логично, ситуацијата ќе биде обратна. Ако сакате храната да ви остане топла што подолго, завиткајте ја така што ќе ја оставите сјајната страна одвнатре, а мат страната однадвор.