Како да ја згуснете храната на поздрав начин? Имаме неколку предлози наместо запршка од брашно и зејтин

Фото: Pexels
12.579

Можеме да ги задржиме традиционалните јадења наследени од нашите баби, но да ги направиме во малку поздрава варијанта. Особено кога станува збор за запршките


Бабите се пример! Освен кога станува збор за запршки… Веројатно сега ќе кажете дека сите сме пораснале на традиционалните запршки направени од брашно, масло и црвен пипер. Така е, ама сепак, денес сите претпочитаме некои поздрави верзии дури и кога станува збор за традиционалните јадења од нашите баби.

Ако сте и вие во оваа група на луѓе кои сакаат да воведат некои поздрави идеи во својата исхрана, еве неколку едноставни трикови.

Компири
Во јадењето што го правите додадете компири кои ќе го згуснат. Варените компири можете да ги испасирате или да ги згмечите со вилушка на крајот од готвењето.

Кнедли
Кон крајот на времето за готвење, во јадењето сварете ги домашните кнедли од гриз и од јајце.

Блендирање
Ако јадењето ви е премногу ретко, еден дел од него изблендирајте со блендер.

Јачмен, просо, ориз
Кон крајот на готвењето додадете житарки кои ќе го згуснат и ќе го збогатат оброкот.

Брашно и вода
Ако сосот ви е премногу редок, добро измешајте ги брашното и водата и додајте ги во сосот кон крајот на готвењето. За разлика од класичната запршка, овој трик е поздрав бидејќи го избегнувате пржењето на брашното на масло.

Чиа семе
Додадете неколку лажички на крајот од готвењето. Не претерувајте! Лажичка до две се сосема доволни.