Ден кога никој не треба да јаде сам, ден на зелката,… Светски ден на човечкиот дух и уште 4 национални денови во САД кои не се лоши

Фото: Pexels
179

Откако сфатив дека во светот речиси секој ден е ден на нешто или некој, повремено ги проверувам на гугл. Денеска (17 февруари) бил Светски ден на човечкиот дух, ама Американците имаат уште дури 4 национални денови. Ми се допаднаа Националниот ден кога никој не треба да јаде сам, Денот на зелката, а не е лош ни оној My way day…

Си велам, ајде денес баш да изгуглам да видам што ден е. Имено, откако сфатив дека во светот речиси секој ден е ден на нешто или некој, повремено ги проверувам на гугл. Денеска (17 февруари) бил Светски ден на човечкиот дух, ама Американците имаат уште дури 4 национални денови. Ми се допаднаа Националниот ден кога никој не треба да јаде сам, Денот на зелката, а не е лош ни оној My way day…

Ајде прво за овој Националниот No One Eats Alone Day. Растењето во периодот на основно и средно училиште може да биде тешко. Ако немате пријатели низ тие години, тогаш може да биде особено тешко. Социјалната изолација е чувство кое никогаш не може да исчезне,па токму оттука доаѓа и Националниот ден кога никој не јаде сам (No One Eats Alone Day), ден за дружење и стекнување пријатели преку заеднички ручек.

Овој ден е создаден од непрофитната организација Beyond Differences за да се справи со растечкиот проблем на социјалната изолација во училиштата. Програмата, која била лансирана во 2012 година во неколку училишта во Северна Калифорнија, се занимава со проблем што ги засега учениците низ целата земја во урбаните, приградските, руралните, јавните и приватните училишта. Никој не јаде сам ги охрабрува учениците не само да седнат со соучениците што не ги познаваат и да ги запознаат, туку и да ги забележат другите кои можеби се чувствуваат изоставени и да ги вклучат. Во 2018 година, повеќе од 1 милион ученици во над 2.300 училишта во сите 50 американски држави го одбележале Националниот ден никој не јаде сам.

Beyond Differences е организација предводена од студенти фокусирана на ставање крај на социјалната изолација во училиштата низ целата земја. Организацијата била инспирирана од жена по име Лили Рејчел Смит, која имала Аперт-ов синдром и умрела во сон на 15-годишна возраст, а во поголемиот дел од својот живот страдала од социјална изолација. „Call it Out, No One Eats Alone“ станал еден од најпопуларните програми во земјата, помагајќи да се стави крај на чувството на социјална изолација во училиштата.

Главната цел на овој празник е да разговарате со личност со која вообичаено не би разговарале и да ја запознаете. Па и не мора да сте во училиште.

Вториот што го бендисавме е Националниот ден на зелката.
Тој е основан за да се посвети посебно внимание на овој зеленчук кој е особено добар кога се ужива во текот на зимата. Знаеме колку е здрава во сите варијанти, па затоа, иако кај нас не е национален ден на зелката, почестете се со некое јадење од зелка или макар изрендајте свежа зелка за салата.

Останатите ден за ова или она денеска се:

Ден на случајни дела на љубезност, Светскиот ден на човечкиот дух и оној My Way Day.

Последниов бил создаден во чест на таа прекрасна фраза „It’s my way or the high way“. Историјата на My Way Day е нејасна, но се верува дека е инспирирана од клучните настани во светот што се случуваат затоа што некој имал храбра идеја и не се плашел да ја реализира.

На тој начин, идејата за My Way Day е едноставна – тоа е денот кога ве охрабруваат да правите што сакате, како што сакате. Дали ви се допаѓа да јадете чоколадо? Само напред. Сакате да започнете да го пишувате тој роман за кој секогаш размислувавте? Апсолутно. My Way Day е вашиот ден – само погрижете се што и да одлучите да правите, сепак, тоа да биде легално.