Кажи ми што јадеш, па ќе ти кажам дали си среќен!

185

Серотонинот е клучен елемент на човечкиот организам и, иако не можеме да го внесеме со исхраната, нутриционистката Симона Коруновска и dm ни откриваат како тоа што го јадеме влијае врз неговото функционирање.

Можеме да влијаеме на начинот на кој се чувствуваме и тоа токму преку исхраната. Кога станува збор за хормонот на среќа, значаен придонес има тоа што го јадеме. Овој хормон не можеме да го внесеме директно преку храната, но преку комбинација на јаглехидратите со аминокиселината триптофан, секој од нас може да придонесе да се чувствува поисполнето и позитивно. Притоа, за да се постигне ова, особено значаен е и нашиот генерален пристап и избор на храна што ја консумираме.

Aминокиселината триптофан, од која потоа во организмот се синтетизира серотонинот, е присутна во повеќе видови вкусна храна, а нутриционистката Симона Коруновска во соработка со dm, наведува само неколку примери за секојдневна употреба:

– Tофу: содржи големо количество од оваа аминокиселина. За да го внесеме, можеме да го комбинираме со јаглехидратите од интегрален леб, крекер или ориз.

– Темно чоколадо: содржи доволно количество триптофан и јаглехидрати и затоа секој пат се чувствуваме убаво кога го јадеме.

– Јаткасти плодови и семки: бадемите, индиските ореви, кикиритките, оревите, како и семињата (семки од тиква, сончоглед и сусам) можат да придонесат за нашето расположение, а многу лесно може да се вметнат во исхраната.

– Песто: содржи јатки, а и босилек кој освен што позитивно влијае врз расположението, има и антимикробен ефект.

Повеќе информации на оваа тема може да погледнете во видеото: Серотонин во исхраната

За тие, пак, кои немаат преголема желба или време за готвење и оние кои немаат потреба од поголемо количество храна, предлагаме одличен брз и здрав оброк. Дополнително, ова е одлична опција за ненајавени гости. Се работи за брускети од крекери и намаз – веганска комбинација која изобилува со многу растителни влакна, антиоксиданси, витамини и минерали.

Погледнете тука како да ја подготвите оваа брза закуска: Брускети од крекери со намаз

Био-намазот е одлична алтернатива за намаз во каква било комбинација. Направен е од сончогледово семе што може да го подобри нивото на енергија, срцевото здравје и да ги подобри симптомите на воспалителните процеси во телото.

На крајот, најважно е да запомнеме дека ние сме тие што влијаат врз нашето расположение. Затоа, кога имаме можност да го подобриме преку здравата исхрана, зошто да не почнеме да го практикуваме тоа?

Прочитајте повеќе корисни совети за исхраната, нутритивни факти и пронајдете брзи и лесни рецепти на веб-сајтот на dm!