Дневна доза ѓумбир за превенција на болести: Дали сувиот и свежиот ѓумбир се подеднакво вредни?

Фото: Pexels-Pixabay
345

Покрај свежиот ѓумбир, исклучително корисен е и сувиот ѓумбир бидејќи при сушење џинџеролите се трансформираат во шогаоли кои имаат уште поизразена пикантност и во лабораториски услови се покажало дека имаат антиканцерогени ефекти.

Зачините ја збогатуваат нашата исхрана и во поглед на вкусот и на исхраната. Во нив се присутни различни фитохемикалии, а многу од нив имаат благотворно влијание врз здравјето и можат да делуваат превентивно врз развојот на некои болести.

Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини ширум светот денес. Свежиот корен од ѓумбир содржи многу супстанции со потенцијално биолошки активно дејство. Ѓумбирот содржи 2-3% протеини, 0,9% масти, 1,2% минерали, 2,4% влакна и 12,3% јаглени хидрати. Исто така, содржи од 1 до 3% испарливи масла, олеоресин, феноли и протеолитички ензим. Пикантноста се должи на содржината на џинџерол, додека аромата ја обезбедуваат испарливите масла. Ѓумбирот традиционално се користи илјадници години за лекување на болести и состојби како што се настинки, мачнина, артритис, мигрена и хипертензија.

Ѓумбирот е нашироко истражуван и на животински модели е докажана неговата моќ во превенцијата на многу болести, меѓутоа, истражувањата главно користеле екстракт од ѓумбир, како и други форми како масло, сок или ѓумбир во прав, а клинички истражувања за употреба на свеж ѓумбир, недостасуваат.

Новата студија објавена оваа година во списанието Nutrition го испитувала влијанието на дневниот внес на ѓумбир врз превенцијата на хронични болести како што се дијабетес, хипертензија, кардиоваскуларни и цереброваскуларни заболувања, замастен црн дроб, анемија и тумори кај возрасните.

Истражувањето успеало да покаже дека внесувањето на ѓумбир, во различни дози, може да ја намали преваленцата на хипертензија и кардиоваскуларни заболувања. Ризикот од хипертензија и кардиоваскуларни болести се намалува приближно помеѓу 8 и 13% со зголемување на внесот на ѓумбир за 1 грам како дел од урамнотежена исхрана. Овие прелиминарни податоци покажале дека за благотворно дејство потребно е да се консумира количина од 2 до 4 грама свеж ѓумбир дневно.

Како ѓумбирот влијае на намалувањето на ризикот од хипертензија и кардиоваскуларни болести не е познато, но научниците шпекулираат дека можен механизам на дејство би бил преку инхибиција на ангиотензинот, конвертирачки ензим и со превенција на липидна пероксидација во срцето. Полифенолите би можеле да бидат одговорни за благотворното дејство на ѓумбирот врз здравјето, а една неодамнешна студија покажала дека ѓумбирот го намалува нивото на холестерол во крвта.

Меѓутоа, значително влијание врз намалувањето на хипертензијата не е забележано кај лица над 60 години. Исто така, кај дебелите луѓе е забележан значително помал внес на ѓумбир во споредба со луѓето со нормална телесна тежина.

Покрај свежиот ѓумбир, исклучително корисен е и сувиот ѓумбир бидејќи при сушење џинџеролите се трансформираат во шогаоли кои имаат уште поизразена пикантност и во лабораториски услови се покажало дека имаат антиканцерогени ефекти.

Неколку начини да го вклучите ѓумбирот во вашата секојдневна исхрана:

Додадете свеж ѓумбир во овошно смути или во сок од соковник, ако не сте навикнати на неговата пикантност, прво додадете мала количина, на пример, колку што одговара на врвот на ножот, а потоа зголемете на 1 лажичка.
Изрендајте мала количина во цврст јогурт и додадете една лажица од омилениот џем или мед.
Ренданиот корен од ѓумбир може да се додаде и во утринските житарки со јогурт или млеко со додавање на јаткасти плодови и суво овошје.
Ѓумбирот е одличен во преливи за салати на база на житарки, мешунки и зеленчук. Измешајте 1 портокал, сок од 1 портокал, маслиново масло, сол, пипер и парче ѓумбир во блендер.
Ѓумбирот е добар и во колачи со бисквити, особено во оние со морков или лимон.
Ѓумбирот е незаменлив во азиските јадења, особено во пржените тестенини со зеленчук, месо или морски плодови како што се ракчиња.
Чајот од ѓумбир традиционално се препорачува против надуеност и мачнина. Се подготвува така што ренданиот ѓумбир (1 лажичка по шолја), ќе се прелие со топла вода и се чува најмалку 10 минути, па се процедува и се зачинува со мед и лимон. Чајот од ѓумбир може да се подготви и во комбинација со билни чаеви како нане, камилица или маточина.