Домашен напиток од киви кој совршено ги чисти црниот дроб и крвните садови

Фото: Pexels
1.318

Некои од симптомите кои може да укажуваат на заситеност на телото и црниот дроб со токсини се замор и летаргија, сува кожа, кожни болести, чести главоболки, лошо варење, вишок килограми…


Во студените зимски месеци нашето тело бара нешто потешка храна, а во исто време е изложено на токсините од воздухот и околината.

Сето тоа дополнително го оптоварува црниот дроб и циркулаторниот систем, што влијае на здравјето и виталноста.

Некои од симптомите кои може да укажуваат на заситеност на телото и црниот дроб со токсини се замор и летаргија, сува кожа, кожни болести, чести главоболки, лошо варење, вишок килограми…

Зошто да не му направите на вашето тело детоксикација? Во тоа може да ви помогне овошниот пијалак направен од само неколку состојки кои веќе ги имате во вашата кујна!

Освен што го снабдува организмот со потребните антиоксиданти, витамини и минерали, овошјето помага и во елиминирање на отпадните материи кои ги оптоваруваат органите и крвотокот.

Лимонот, кивито и авокадото се особено добри за детоксикација на црниот дроб и крвните садови.

Во синергија, благодарение на комбинацијата на моќни антиоксиданти и здрави масни киселини, тие прават чуда за вашето тело и целокупното здравје.

Киви – одличен заштитник на црниот дроб

Ова популарно овошје е богато со хранливи материи кои благотворно делуваат на здравјето на црниот дроб.

Кивито се смета за еден од најдобрите извори на витамин Ц (со конзумирање на 2 киви ќе го снабдите организмот со 140 мг од овој моќен антиоксидант).

Ова овошје може да се пофали со уште околу 20 хранливи материи, вклучувајќи ги витамините Е и К, калиум и фолна киселина, а богато е и со растителни влакна.

Благодарение на содржината на калиум, што го има повеќе во кивито отколку во бананата, ова моќно овошје помага и во регулирање на крвниот притисок.

Исто така ги намалува мастите во крвта, а со тоа ги штити крвните садови и срцето и помага во спречување на кардиоваскуларни болести.

Антиоксидантите присутни во кивито спречуваат замастен црн дроб.

Дури и откако ќе престанете да го консумирате овој пијалак за детоксикација, за да го заштитите црниот дроб и крвните садови на дневна основа, јадете барем по едно свежо киви!

Лимон – одлично средство за чистење на телото

Лимонот, како и другите цитрусни овошја, со причина е суштинска состојка во многу пијалаци за детоксикација.

Цитрусното овошје, помешано со вода, го поттикнува исфрлањето на токсините од црниот дроб и од целиот организам.

Исто како и кивито, ова овошје е и одличен извор на најмоќниот антиоксидант – витамин Ц.

И покрај неговиот кисел вкус, лимонот всушност го алкализира човечкото тело, доближувајќи го до оптимално здравје.

Освен витамин Ц, лимонот содржи и пектин и есенцијални масла, кои ги зајакнуваат ѕидовите на цревата и на тој начин ја спречуваат пропустливоста и „истекувањето“ на отпадните материи во црниот дроб, што би довело до негово преоптоварување.

Затоа, не е ни чудо што многу поддржувачи на здрав начин на живот го започнуваат денот со свежо исцеден сок од лимон.

Авокадо – здрави масти за здраво срце

Авокадото е богато со здрави масни киселини, што го рангира меѓу најдобрите намирници за здравјето на срцето и крвните садови. Исто така, тоа е богато со калиум (содржи повеќе калиум од бананата).

Освен калиум и супер-здрави масти, авокадото содржи и витамини А, Б, Ц, Е и К, а минералите вклучуваат железо, фосфор, бакар, магнезиум, цинк и манган.

Исто така, една од неговите моќни состојки е глутатион, кој помага да се елиминираат токсините од телото. На овој начин ја помага и работата на црниот дроб.

Истражувањата покажаа дека авокадото помага да се спречи оштетување на црниот дроб.

Нане – повеќе од освежувачки лисја

Како и другите состојки на овој пијалак за детоксикација, свежите листови од нане даваат моќен поттик за работата на црниот дроб и панкреасот.

Покрај тоа, тие го стимулираат исфрлањето на отпадните материи од телото, го чистат желудникот и помагаат да се елиминира вишокот слуз од телото.

Исто така, нането го олеснува дишењето и е многу добро за срцето.

Пијалак од киви – за детоксикација на црниот дроб и крвните садови

Состојки:

3 киви
1 авокадо
1 лимон
10-15 листови свежо нане
250 мл вода

Приготвување:

Излупете ги кивито и авокадото и исечете ги на парчиња. Префрлете сѐ во блендер и додадете свежо исцеден сок од лимон и 10-15 листови свежо нане.

Додадете вода и измешајте сè заедно.

Овој напиток пијте го на празен стомак секое утро две недели.