Предизвик за јануари: Сладок колач со наут

Фото: Pexels
305

Неочекуваната состојка за овие здрави вегетаријански сочни коцки без јајца е варениот наут

Сочните коцки имаат мека текстура, неодолива сочност и сладост. Но може да се направат и со поздрави состојки како што е варениот наут.
Станува збор за полесна верзија на колачите кои традиционално се подготвуваат од брашно, јајца, шеќер и путер.

Доколку не јадете храна од животинско потекло, можете да подготвите и малку поздрава верзија на колач полн со протеини. Не грижете се, штом ќе ја испечете тортата ќе заборавите дека во неа има наут – толку е вкусно.

Покрај протеините, наутот содржи и многу диетални влакна, железо, фолна киселина и други важни хранливи материи.

Состојки за колач од наут:
360 гр варен наут
125 гр путер од индиски ореви
150 гр кокосов шеќер
85 гр јаворов сируп
40 гр сечкани ореви
20 гр овесни снегулки
2 лажици цимет во прав
1 лажичка екстракт од ванила
½ лажичка прашок за пециво
¼ лажичка сода бикарбона
прстофат сол

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
Ставете го сварениот наут, путерот, кокосовиот шеќер, јаворовиот сируп, овесните снегулки, циметот во прав, екстрактот од ванила, прашокот за пециво, содата бикарбона и малку сол во сечкач за зеленчук. Пулсирајте додека не добиете еднолична мазна смеса.
Префрлете ја смесата во подмачкан плех.
Во смесата ставете ги сечканите ореви.
Се пече во загреана рерна 30 минути. Изладете пред сервирање. Добар апетит!