Домашно овесно млеко, идеално за пост: Направете 5 литри за само 50 денари

Фото: Pexels
390

Домашното овесно млеко е идеално за време на постите, особено ако го направите дома самите. Од 500 г овесни снегулки ќе добиете дури 5 литри

Наместо да купувате, направете си дома овесно млеко и користете го за подготовка на божиќни колачи. Од 500 грама овесни снегулки ќе добиете дури пет литри млеко.

Како да направите овесно млеко?
Во тек е божиќен пост и тогаш ова млеко најчесто се користи за приготвување на разни колачи. Секако, ако го купите во продавница ќе ве чини барем три пати повеќе и тоа за само 1 литар. Ние имаме рецепт по кој можете да направите 5 литри овесно млеко за само 50 денари. Подготовката не е комплицирана, а овесното млеко можете да го користите за кафе, правење торти и колачи…

Состојки:
500 гр овесни снегулки
5,5 л вода
2-3 лажици шеќер (ако сакате поблаго, додадете уште 1-2 лажици)
10 гр ванилин шеќер

Приготвување:
Потопете ги овесните снегулки во вода и оставете ги преку ноќ. Во блендер ставајте по малку овес, додадете вода и изблендирајте со шеќерот и ванилиниот шеќер. Не блендирајте долго бидејќи подоцна млекото нема да има добар вкус. Доволно е само убаво да се соедини. Проверете дали е доволно слатко, ако не, додадете уште малку шеќер. Добиената течност процедете ја низ газа, а добиеното овесно млеко префрлете го во стерилизирани шишиња и чувајте го во фрижидер.