Две третини од почвите во Европа се нездрави: Како да го подобриме здравјето на земјата?

Фото: Pexels
62

На 13ти јуни во просториите на Europe House Skopje ќе се одржи настан кој има за цел да ја информира јавноста и сите засегнати страни за состојбите на почвата и потребата за нејзина заштита, при што ќе бидат презентирани и можности за финансирање на проекти кои се стремат кон остварување на мисијата. Настанот е наменет за земјоделци и сопственици на парче земја, но и за сите оние поединци кои сакаат да се едуцираат на темата почва

Деградацијата на почвата, главно поради прекумерните и несоодветни човекови активности и
индустриските процеси, влијаат на нејзиното здравје и квалитет преку физичко оштетување и
внесувањето на загадувачи.

Истражувањата предводени од Европската Унија покажале дека две третини од почвите во Европа се „нездрави“, што значи дека нивниот капацитет да обезбедат низа екосистемски услуги (храна, чиста вода, живеалиште за организмите кои живеат во неа) е нарушен, и тоа предизвикува низа сериозни економски, еколошки и општествени последици.

На 13ти јуни во просториите на Europe House Skopje со почеток од 9:30ч ќе се одржи настанот
„Проект NATI00NS – Европска мисија за спроведување на договорот за унапредување на
здравјето на почвата и можности за финансирање“ кој има за цел да ја информира јавноста и
сите засегнати страни за состојбите на почвата и потребата за нејзина заштита, при што ќе бидат
презентирани и можности за финансирање на проекти кои се стремат кон остварување на
мисијата.

За оние кои не можат да присуствуваат физички, ќе биде обезбеден онлајн пренос од
настанот преку апликацијата ЗУМ.

Европската Унија во 2021 год. ја започна амбициозната мисија „Договор за почвата за Европа“ која
цели до 2030 год. да создаде 100 регионални т.н. Живи лаборатории и светилници (Living labs
and Lighthouses), кои ќе служат како центри за ширење на знаење и иновации, заеднички креирајќи
и тестирајќи практики и решенија за подобрување на здравјето на почвата.

За спроведувањето на гореспоменатата мисија воспоставен е проектот NATI00NS преку кој се пренесуваат клучни пораки за подигнување на свеста, како и подготвување на регионалните и националните чинители од сите европски земји да аплицираат и ги имплементираат своите идеи за подобрување на здравјето на почвата.

Настанот е во организација на BioSense Институтот од Србија и Здружението за еколошка
едукација и одржливо живеење ЈЕС ФОР ЛЕС, кои стапија во партнерство со Земјоделскиот
Институт – Скопје која е водечка истражувачка институција со богато знаење и експертиза на тема
почви и одржливи земјоделски практики, за да направат заеднички напори да ја информираат и
едуцираат јавноста за овие теми.


За кого е наменет настанот?

Истражувачи и експерти, земјоделци и сопственици на парче земја, претставници од граѓански
здруженија и бизнис секторот, како и поединци кои имаат зелени бизнис идеи, потоа локални
заедници, студенти, владини претставници и сите оние поединци кои сакаат да се едуцираат на
тема почва и да се информираат за мисијата „Договор за почвата за Европа“ и проектот NATI00NS,
како и можностите за финансирање.

Што точно ќе се случува на настанот?

Настанот има едукативен и информативен карактер. Гостите-експерти од Институтот BioSense
подетално ќе ја објаснат мисијата и проектот, а ќе дадат и насоки за концептот и критериумите за
аплицирање за Живите лаборатории и светилници.

Претставник од здружението за социјални иновации АРНО ќе информира за дополнителни можности за финансирање од областа на зелени идеи вклучувајќи и такви кои целат да ја заштитат почвата.

Како дел од настанот ќе се одржи и панел дискусија на тема „Oдржливи наспрема конвенционални земјоделски практики кај нас: можности, препреки и како тие влијаат на здравјето на почвата“ на која својата експертиза и гледишта ќе ги споделат двајца професори од Земјоделскиот Институт, како и успешни производители кои се занимаваат со органско и пермакултурно производство од нашата земја.

После завршување на официјалниот дел предвиден е коктел со можност за неформално
вмрежување.
Повеќе информации: https://www.nati00ns.eu/mecedonia-nee-2024
Задолжителна регистрација на линкот: https://www.nati00ns.eu/form/macedonia-form-2024