Е ова е паметен маркетинг! Имаме рецепт за печива без јаглехидрати

Фото: Фејсбук
711

Ова не се нашите печива, само беше инспирација да најдеме одличен рецепт за печива со малку јаглехидрати кои сите можеме лесно да ги направиме дома

Пакувањето за овие печива, веројатно кинески, се појави на Фејсбук и, мора да признаеме, е многу добро. Којзнае што им значи тоа дека станува збор за печива со низок процент на јаглехидрати, ама нас не инспирираше да најдеме рецепт за печива кои можете лесно да ги направите дома сами, а кои имаат минимално количество јаглехидрати.

Овие печива секако не се од оние што ќе ве натераат да се чувствувате виновни и веројатно ќе бидат популарни кај тие што се на диета, а не можат да се откажат од лебот. Тие се сунѓерести и меки, па затоа се одлични за правење сендвичи. Кога ќе ги исечете на половина, наполнете ги со вашите омилени состојки. Има милион комбинации, а печивата без јаглехидрати имаат неутрален вкус, па затоа одлично одат со домат и моцарела, но и со џем.

Состојки:

100 гр крем сирење

3 јајца

½ лажичка прашок за печиво

малку сол

Приготвување:

Одделете ги белките и жолчките.
Направете тврд снег од белките и малку сол, а во друг сад изматете ги жолчките, сирењето и прашокот за печиво. Потоа внимателно додадете го снегот во смесата со жолчка и сирење. Полека мешајте за да се задржи воздухот во смесата.
Земајте ја смесата со лажица и ставајте ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете 25 минути на 150°C.