Една коцка на ден за здравје и енергија: Колку повеќе какао, толку повеќе здравствени придобивки

Фото: Freepik
189

Темното чоколадо и здравјето одат рака под рака, но само ако темното чоколадо се конзумира континуирано и во мали количини.


Темното чоколадо е веќе познато како нутритивно подобар избор во споредба со обичното млечно чоколадо.

Содржи повеќе какао, што го прави богато со хранливи материи, но и помалку шеќер.

Сепак, процентот на калории не е многу различен во споредба со млечното чоколадо, бидејќи повеќето од калориите во чоколадото доаѓаат од мастите, а не од шеќерот.

Поради оваа причина, треба да бидете подеднакво внимателни и со внесувањето на чоколадо, без разлика дали е темно или млечно.

Често се прашуваме колку темно чоколадо можеме да јадеме дневно, а одговорот би бил, од една коцка до еден ред, во зависност од потребите и целите.

На пример, на студентите им се препорачува по некоја коцка повеќе, како и на сите оние на кои им е потребна поголема концентрација и меморија.

Ќе дознаеме повеќе за темното чоколадо и како да го јадете, а можеби со текот на времето ќе го засакате неговиот горчлив вкус.

Темно чоколадо – хранлива вредност
100 гр темно чоколадо со 72% какао содржи:

560 калории
42 г маснотии
30 г јаглени хидрати, од кои 28 г се шеќер
8 г протеини.
Темното чоколадо се препознава такашто на него, на прво место се наоѓа какао/какао масата, па дури потоа шеќерот. За разлика од него, млечната чоколада на прво место во листата на состојки содржи шеќер.

100 гр темно чоколадо со 85% какао содржи:

околу 584 калории
46 г маснотии
22 г јаглени хидрати, од кои 12 г се шеќер
околу 12 г протеини.

100 гр темно чоколадо со 99% какао содржи:

590 калории
51 г маснотии
8 г јаглени хидрати, од кои еден грам е шеќер
15 г протеини.

Како што можеме да видиме, со зголемување на процентот на какао, калориската вредност се зголемува поради зголемувањето на мастите, процентот на протеини исто така се зголемува, а процентот на јаглени хидрати и шеќер се намалува.

Меѓутоа, како што се зголемува процентот на какао, се зголемува и горчливиот вкус поради кој некои луѓе не го сакаат ова чоколадо.
Меѓутоа, колку повеќе какао содржи чоколадото, толку повеќе хранливи материи ќе добиеме.

Поради високата калориска вредност, важно е да се внимава на количината. Оние кои сакаат да ослабат можат да јадат по една коцка дневно, која лесно ќе се вклопи во калорискиот дефицит.

За да го добиете целосниот бенефит од темното чоколадо, освен највисокиот процент на какао, јадете и чиста чоколада без вкусови и филови, а тоа е најдоброто темно чоколадо.

Покрај тоа, можете да изберете и чоколадо без шеќер, иако темното чоколадо, со оглед на тоа што се консумира по една коцка дневно, содржи незначително количество шеќер.

Темното чоколадо без шеќер обично содржи засладувачи како што се еритритол, стевиа или малтитол.

Иако некои од засладувачите се без калории, тоа не мора да значи помала калориска вредност на чоколадото бидејќи, како што споменавме, најголем дел од енергијата доаѓа од мастите, односно какао масата.

Темното чоколадо и здравјето

Темното чоколадо и здравјето одат рака под рака, но само ако темното чоколадо се конзумира континуирано и во мали количини.

Една до две коцки дневно со малку јаткасти плодови ќе бидат совршена ужина, особено како пауза на работа за подобра работна концентрација.

Благодарение на антиоксидантите, чоколадото придонесува за когнитивните функции и го намалува ризикот од невродегенеративни болести.

Исто така, консумацијата на темно чоколадо го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, го подобрува крвниот притисок и протокот на крв.

Покрај тоа, го зголемува добриот ХДЛ холестерол и го намалува лошиот ЛДЛ холестерол.

Добрата вест е дека чоколадото придонесува за заштита на кожата од сонцето благодарение на флавоноидите.

Темното чоколадо е богато со магнезиум, бакар и манган. Магнезиумот придонесува за намалување на исцрпеноста, важен е за здравјето на коските и забите и за нормалните психолошки функции.

Тоа е минерал кој често недостасува кај општата популација.

Бакарот е важен за производство на енергија, ги штити клетките од оксидативен стрес, а важен е и за имунитетот.

Манганот е важен за метаболизмот на амино киселините, холестеролот и јаглехидратите, за формирање на сврзното ткиво и ги штити клетките од оксидативен стрес.

Темното чоколадо содржи и малку цинк, кој е неопходен за силен имунитет, развој и метаболизам. Во темното чоколадо наоѓаме и малку калиум, кој е важен за нервниот и мускулниот систем.

Друга причина да јадете темно чоколадо е за да се чувствувате добро. Имено, редовното консумирање на темно чоколадо може да го поттикне растот на одредени добри цревни бактерии кои се поврзани со доброто расположение.

Исто така, конзумирањето темно чоколадо го намалува нивото на хормоните на стрес, како што е кортизолот.

Затоа, темното чоколадо позитивно влијае на цревната флора, што не е важно само за доброто расположение, туку и за имунитетот, бидејќи имунитетот зависи токму од состојбата на нашиот микробиом.

Темното чоколадо и железото
Темното чоколадо е исто така богато и со железо, приближно 100 г темно чоколадо содржи 60% од препорачаниот внес на железо.

Секако, нема да ги изедеме сите 100 гр чоколада, а остатокот од железото ќе го добиеме од други цели намирници со помалку калории.

Железото е составен дел на хемоглобинот, односно протеинот во црвените крвни зрнца одговорен за пренос на кислород до сите телесни клетки.

Железото е подеднакво важно за имунолошкиот систем, енергијата, когнитивните функции и спречувањето на анемија.

Чоколадото за готвење и здравјето
Чоколадото за готвење беше дел од течната храна на нашите баби и мајки, а тие често го истакнуваа како чоколадо што треба да се јаде повеќе од млечното.

Сепак, чоколадото за готвење на прво место содржи шеќер, па не е вистинско темно чоколадо кога зборуваме за влијанието врз здравјето.

100 гр чоколадо за готвење содржи околу:

515 калории
20 гр маснотии
57 г јаглехидрати, од кои 55 г се шеќер
четири грама протеини.

Како што можеме да видиме, содржи многу повеќе шеќер и помалку протеини од темните чоколади со 70% или повеќе какао. Чоколадото за готвење совршено ќе послужи за својата првобитна намена, а тоа се слатките кои е пожелно да се јадат поретко.

Ако сакате навистина да ги искористите сите нутритивни придобивки од темното чоколадо, изберете едно со минимум 70% какао, без филови и ароми и уживајте во една-две коцки на ден. Можете исто така да изрендате темно чоколадо во овесната каша за појадок или да го користите како посипување за протеински палачинки.