Од медениот леб до денешните чудесии: Кој го испекол првиот колач на светот?

Фото: Pexels
63

Иако денес тортите и колачите не им се принесуваат на боговите како жртва, тие се неизбежен дел од славењето на сите важни моменти во животот. Но, како почнало сето тоа?

Дали некогаш сте се запрашале кој го испекол првиот колач на светот?

Првите колачи не биле такви колачи како оние што ги уживаме денес, тие биле повеќе како леб.

Овие тенки бесквасни лебови, обично засладени со мед, се користеле уште од дамнина за разни веселби и церемонии, подоцна биле „подигнати“ со квасец, а од средината на 19 век, во рецептите се додадени прашокот за пециво и рафинираното брашно.

Иако денес тортите и колачите не им се принесуваат на боговите како жртва, тие се неизбежен дел од славењето на сите важни моменти во животот.

Уште старите Грци го славеле роденденот на Артемида со торта, а од 13 век детските роденденски торти се украсуваат со свеќички.

Ви благодариме, стари Египќани!

Првите колачи потекнуваат од древниот Египет. Се верува дека им биле принесувани на боговите, но и на кралевите, дворјаните и други достоинственици.

Првото спомнување на колачи направени од пченично брашно и мед датира од 4 век п.н.е.

Грците додале јајца и путер во колачот, а освен колачот со мед, го имале и првиот колач со сирење. Римјаните печеле колачи од интегрално пченично брашно, мед, маслиново масло и јајца и ги збогатувале со суво грозје, ореви и друго овошје.

Римјаните први измешале квасец во колачите, па тие станале повоздушести, полесни и помалку „набиени“.

До почетокот на средниот век, колачите станале популарен десерт во Европа, а нивните вкусови биле сè покреативни.

Проширувањето на трговските патишта и поврзаноста на светот можел да се почувствува и на непцето бидејќи на колачите им биле додадени разни нови зачини.

Во средниот век, само најбогатите можеле да си го дозволат луксузот да уживаат во пекарските слатки.

Шеќерот тешко се набавувал, а неговата цена не била воопшто слатка, па медот сепак се користел почесто.

Големи промени во слаткарството се случиле од 17 век, кога состојките станале подостапни, а технолошкиот напредок донел нови методи на печење.

Во тоа време се појавиле и првите колачи со глазура.

Колачите какви што ги знаеме денес, најмногу благодарение на какаото и чоколадото, подостапниот рафиниран шеќер и белото брашно, се појавиле во 19 век.

Интензивниот развој кулминирал со популарноста на готовите смеси за креми и колачи кои се појавиле во 1930-тите, за денес се повеќе врвни готвачи и обични луѓе да им се враќаат на оние побавни, поздрави и пофини методи и состојки.