Едноставни домашни рецепти за чистење на црниот дроб

Фото: Pexels
288

Комбинацијата од диета, вежбање и добар здрав пијалак може да ѝ помогне на природната способност на вашиот црн дроб да ги исфрла токсините и мастите, помагајќи да се елиминира полнотата на стомакот, да се зголеми нивото на енергија и да се подобри менталната јасност.

Многу често ја занемаруваме важноста за одржување на здравјето на нашето тело, особено на црниот дроб, кој е клучниот орган за детоксикација.

Наспроти тоа, постојат голем број едноставни, природни методи за чистење на замастен црн дроб кои можат да го поддржат овој витален орган.

Дознајте кои се најдобрите домашни рецепти за чистење на црниот дроб, кои не само што се вкусни, туку и неопходни за одржување на оптималната функција на црниот дроб, за подобрување на целокупното здравје и за виталноста.

Комбинацијата од диета, вежбање и добар здрав пијалак може да ѝ помогне на природната способност на вашиот црн дроб да ги исфрла токсините и мастите, помагајќи да се елиминира полнотата на стомакот, да се зголеми нивото на енергија и да се подобри менталната јасност.

Затоа е клучно црниот дроб да се одржува во топ форма, а чистењето и детоксикацијата на црниот дроб може да го заштити од болести и да го одржува здрав.

Домашни рецепти за чистење на црниот дроб

Вистинскиот домашен лек за чистење на црниот дроб, кој вообичаено најмногу се препорачува во народната медицина, е јаболковиот оцет.

Успешно го отстранува вишокот маснотии во црниот дроб и го стимулира губењето на тежината, а со тоа ја подобрува функцијата на црниот дроб и го намалува воспалението.

Доколку сте во можност, набавете си вистински домашен јаболков оцет, така што детоксикацијата на црниот дроб ќе биде поуспешна.

Како да користите јаболков оцет со мед за чистење на црниот дроб…

Разредете една лажица јаболков оцет со малку топла вода.

Додадете мед по вкус.

Пијте по една доза два пати на ден.

Повторувајте секојдневно во следните неколку месеци.

Најсилниот сојузник во чистењето на црниот дроб е лиснатиот зеленчук, кој може да се јаде сиров, варен или како сок или смути.

Исклучително богат со хлорофил, ги апсорбира токсините од крвотокот и помага во детоксикација на црниот дроб.

Свежото зелено смути е брз и вкусен начин за чистење на црниот дроб.

Еве едноставен рецепт за смути од лиснат зелен зеленчук:

Потребни состојки:

Грст свеж спанаќ (ставете лиснат зеленчук по желба)
Половина краставица, излупена и исечена
Една банана
1/2 чаша свеж ананас
1 чаша вода или кокосова вода (можете да додадете мраз за постудено смути)

Во блендер ставете ги спанаќот, краставицата, бананата и ананасот.
Додадете вода или кокосова вода.
Мешајте ги сите состојки додека не добиете изедначена смеса.

Напиток за замастен црн дроб

Сурутката е најдоброто средство за чистење на црниот дроб.

Она за што можеби сте слушнале, а надалеку е познато со векови, е дека сурутката е најдобриот домашен напиток за црниот дроб.

Терапијата со сурутка трае одреден период.

Се препорачува да се пие сурутка дневно во количини од пола до 1 литар дневно во подолг временски период. Избегнувајте мрсна храна, алкохол и цигари.

Чај за чистење на црниот дроб

Чајот од корен од глуварче е одличен за чистење на црниот дроб. Овој скромен плевел со диуретични својства го поттикнува производството на жолч, а често се користи во борбата против замастен црн дроб, холестерол и цироза на црниот дроб.