Евтин лек за срцето, притисокот, холестеролот, дигестијата…Семчиња кои прават чуда за здравјето

Фото: Pexels
352

Експертите советуваат дека е подобро да се консумира ленено семе во мелена форма бидејќи полесно се вари.


Поради неговите чудесни својства, го користеле и старите Египќани, Грци и Римјани.

Денес често се препорачува во исхраната на веганите и вегетаријанците, но секој може да има корист од него, без разлика на видот на исхрана.

Лененото семе е богато со:
Омега 3 масни киселини, поконкретно алфа-линолеинска киселина (АЛА), која ги намалува воспалителните процеси во телото, го штити срцето и кардиоваскуларниот систем, а некои студии покажуваат и дека го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта.

Диетални влакна кои го намалуваат високиот крвен притисок и ја подобруваат работата на дигестивниот систем

Протеини кои ги градат сите мускули во телото
Витамин Б1, магнезиум, цинк и селен, кои го зајакнуваат имунитетот.

Експертите советуваат дека е подобро да се консумира ленено семе во мелена форма бидејќи полесно се вари.

Најдобро е да го мелете сами во блендер или мелница за кафе.

Како да го консумирате лененото семе?

Се препорачува дневно да се консумира по 1 лажица мелено ленено семе. Можете да го додадете во утринската овесна каша, јогурт или смути.
Можете да го измешате со сенф, мајонез или друг сличен сос кога подготвувате сендвич или прелив за салата.
Можете да го поросите на препечено лепче со авокадо, но и при подготовка на различни видови леб и печива.
Можете да користите ленено семе како замена за јајца кога печете десерти.

Како да направите „веганско јајце“ за печење колачи?

Помешајте една лажица мелено ленено семе со три лажици вода и почекајте неколку минути смесата да се згусне.

Вака подготвеното ленено семе се користи како замена за едно јајце при печење колачи, тартови и слични десерти.