Фокача: Исполнете го домот со мирис на Медитеранот!

Фото: Pexels
546

Фокачата е рамен леб прелиен со маслиново масло и зачини, а на него можете да ставите и домати и маслинки. Тоа е всушност најраната форма на модерната пица.

Која е првата работа на која помислувате кога некој ќе каже „Италија“?

Венеција, Рим, Колосеум, Римската империја, пица, тестенини – ова се само неколку зборови кои можат да ве поврзат со оваа прекрасна земја.

Италија, но и целиот свет, ја сакаат фокачата, рамен леб кој потекнува од северните делови на Медитеранот, а се претпоставува дека првите се печеле уште во времето на Етрурците и Античките Грци.

Фокачата е рамен леб прелиен со маслиново масло и зачини, а на него можете да ставите и домати и маслинки.

Тоа е всушност најраната форма на модерната пица.

Најпрво се печела на камен покрај загреан оган (нешто слично на денешната печка) или на загреана подлога под која има пламен.

Има карактеристични резови на лебот кои најчесто се прават со помош на прстите.

За да се зачува свежината на лебот, тестото пред печење се мачка со маслиново масло.

Фокача – рецепти

Иако се потребни речиси три часа за да се направи фокача, ќе видите дека трудот ќе се исплати. Мирисот што ќе ја исполни вашата куќа ќе биде толку опоен што тешко дека ќе одолеете да не посегнете по првото парче.

Подолу е нашиот рецепт за фокача со кој ќе го почувствувате вистинскиот вкус на Медитеранот.

Фокача со маслинки – рецепт
Фокача со маслинки често се служи на Бадник или Велигден во Италија. За разлика од Италија, Американците сакаат да додаваат жалфија, сирење или кромид.

Постојат и слатки верзии на фокача кои содржат јајца, мед, суво грозје, анасон, шеќер, кора од лимон или портокал.

Фокача со маслинки сè уште е една од традиционалните верзии на овој оброк.

Доколку го направите истиот рецепт, но без маслинки, домати и црвени пиперки, тогаш ќе ја направите оригиналната верзија на фокача – focaccia rustica.

Состојки за тестото:

500 гр меко брашно
15 гр свеж квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
300 мл топла вода.

Состојки за филот:
околу 60 мл маслиново масло
1,5 лажички сол (можете да користите помалку, зависи како ви се допаѓа)
2 сечкани чешниња лук
1 лажичка црн пипер (препорачуваме свежо мелен)
рузмарин (околу 4 лажички сув)
црни или зелени маслинки
мелен црвен пипер (по избор)
шери домати.

Приготвување:

Свежиот квасец издробете го во помал сад или чаша, додадете една лажица шеќер и прелијте го со 150 мл топла вода.
Оставете го да надојде 10-15 минути.
Во меѓувреме, просејте ги брашното и солта во голем сад.
Направете дупка во брашното и додадете го нараснатиот квасец и остатокот од водата.

Започнете да го месите тестото со раце и ќе бидат потребни околу седум минути месење за да се добие мазна топка.
По седум минути извадете го тестото од садот на набрашнета површина и месете го уште 2-3 минути.
Во чист сад ставете две супени лажици маслиново масло и ставете го тестото внатре.

Притиснете го малку за да може да го впие маслото додека нараснува.

Ќе треба околу час и половина додека не се удвои во големина.
Направете го премазот додека тестото нараснува.

Ставете маслиново масло, сол, лук, пипер, рузмарин (ситно исечкајте го) и една лажичка црвен пипер доколку сакате тестото да добие малку портокалова боја.
Кога тестото ќе нарасне, префрлете го на малку набрашнета површина и повторно замесете.

Повторно ставете го во садот, покријте го со крпа и оставете го да нарасне уште час и половина.
Кога тестото ќе нарасне, земете голема тава и обложете ја со хартија за печење.

Тестото од садот префрлете го во плехот и развлечете го за да стигне до сите рабови на тавата и со прстите направете ги вдлабнатините кои се класични за фокачата.
Потоа прекријте ја фокачата со премазот, а во вдлабнатините ставете исечени маслинки и шери домати. Вклучете ја рерната на 200 °C.
Додека се загрева рерната, оставете го колачот уште 10 минути да нарасне во рерна.
Печете го околу 20 минути.
Откако ќе ја извадите почекајте пет минути барем малку да се излади. Јадете ја топла бидејќи така е највкусна.