Формула за долг живот: Минестроне супа, парче леб од кисело тесто и чаша црвено вино

Фото: Pexels
476

Жителите на Сардинија тврдат дека живеат преку 100 години благодарение на овој рецепт за супа. Во неа зеленчукот е прилагоден на сезоната – но секоја чинија мора да содржи барем малку мешункаст зеленчук и ситна тестенина од гриз наречена фрегула, која е исклучително популарна на Сардинија.

Заедно со Окинава, Икарија, Никоја и градот Лома Линда, италијанскиот остров Сардинија се нарекува сина зона. Сините зони се места каде живеат голем процент на луѓе над 100 години, но и групи на луѓе кои остареле без типични здравствени проблеми.

Авторот Ден Бутнер интервјуирал бројни семејства на Сардинија кои живееле до 100 години, а кои тврдат дека нивната долговечност се должи на ручекот што го јадат секој ден. Поконкретно, секој ден јадат минестроне супа со парче леб од кисело тесто и чаша црвено вино.

Минестрон е густа италијанска супа направена од голем број различен зеленчук, која вклучува многу хранливи материи – од диетални влакна, минерали, витамини до фитохемикалии.

Зеленчукот е прилагоден на сезоната – но секоја чинија мора да содржи барем малку мешункаст зеленчук и ситна тестенина од гриз наречена фрегула, која е исклучително популарна на Сардинија.

Состојки за сардиниската минестроне супа:
800 гр сечкани домати
150 гр ситни тестенини
120 гр сечкан анасон
100 гр сув шарен грав
100 гр сув боб
70 гр сув наут
60 гр рендано пекорино сирење
3 компири
2 стебленца целер
2 моркови
2-3 чешниња лук
1 кромид
домашно маслиново масло
сол и пипер по желба
свеж босилек
свеж магдонос

Приготвување:
Потопете ги мешунките во обична вода околу осум часа или ноќта пред да ја правите супата. Исцедете ги и оставете ги на страна.
Во големо тенџере загрејте малку масло, а потоа издинстајте ги кромидот, морковите и стебленцата целер. Варете сè заедно околу пет до осум минути додека не омекнат.
Додадете го сечканиот лук, промешајте и пржете сè заедно уште половина минута.
Додадете сечкани домати, компири, анасон, магдонос и босилек.
Додадете ги натопените мешунки и сите состојки прелијте ги со вода – додадете 1,5 до 2 литри вода. Сите состојки треба да се под вода.
Кога супата ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе сè заедно околу 90 минути или додека мешунките целосно не се сварат.
Додадете повеќе вода за време на готвењето доколку е потребно.
Кон крајот на готвењето додадете ги малите тестенини и продолжете да готвите уште 10 минути.
Зачинете со сол и пипер по желба.
Послужете ја супата со една лажица домашно маслиново масло и малку рендано пекорино сирење.