Тестенини со кромид: Рецепт за јадење кое се подготвува само за луѓето кои навистина ги сакате

Фото: Pexels
1.220

Иако се состои од евтини состојки како тестенини и кромид – ова е едно од оние јадења што бараат трпение и малку труд.

Тестенините се многу флексибилна храна која може да се подготви на различни начини. Постојат неколку едноставни рецепти за тестенини кои ќе бидат готови за 15 до 20 минути, но и такви кои ќе ви одземат малку повеќе време.

За оние што ги сакаме, спремни сме да стоиме над шпоретот со часови за да им ги подготвиме најубавите јадења. Иако се состои од евтини состојки како тестенини и кромид – ова е едно од тие јадења што бараат трпение и малку труд.

Состојки за тестенини со карамелизиран кромид:

400 грама тестенини по желба
700 грама кромид
125 грама путер
60 мл десертно вино
една рака рендан пармезан
1 лажица шеќер
сол и пипер по желба

Приготвување:

Во голема тава растопете го путерот на умерена температура. Додадете го излупениот кромид исечен на ленти и повремено мешајте додека не стане проѕирен.
Додадете шеќер и малку сол, намалете ја топлината и оставете го кромидот да се карамелизира. За тоа ќе му треба околу еден час термичка обработка на најниска температура.
Потоа додадете го десертното вино во кромидот и сè заедно варете уште неколку минути.
Сварете ги тестенините на вообичаен начин, а потоа измешајте ги со карамелизираниот кромид. На крајот додадете свежо изрендан пармезан.