Француски деликатеси во градскиот парк во Скопје

279

Оваа сабота (10 јуни) во Градски парк, на Школка, а во организација на Францускиот институт ќе се одржи настанот „Вкуси ја Франција“. Производите ќе се продаваат по симболични цени

На 10 јуни со почеток во 12 часот, во Градскиот парк на Школка ќе се одржи настанот „Вкуси ја Франција“.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со вкусовите на Франција преку
петте штанда со француски специјалитети, пекарски производи и кроасани, солена храна, вино и пиво.

Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети кои се симболични за Франција. Сето тоа ќе може да се вкуси по симболични цени.

Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје, главен покровител е винарската визба Тиквеш која ќе понуди дегустација на своите вина. Партнери се СУГС „Лазар Танев“, ФЈ кулинарско школо и Боттега дел Вино.

За музичкиот амбиент со француска музика ќе се погрижат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.

Настанот ќе трае до 16 часот, а имаат решение и во случај на дожд.