Гасеници од тесто

3.070

Овие таканаречени гасеници од тесто излгледаат декоративно, убаво се сечат и згодни се за послужување или за да си земете за појадок на работа. Едноставни се за правење, дури и за оние кои не се многу вешти

Состојки:

1 квасец

2 лажици шеќер

1 лажица сол

1 лажица омекнат путер

200 мл масло

2 јајца (едната жолчка оставете ја за премачкување)

400 мл млеко

900 г брашно

Приготвување:

Се замесува средно меко тесто од состојките (освен една жолчка која се остава за премачкување) и се остава да стаса околу 40 минути.

Тестото се дели на 5 дела и се расукуваат кори.

Од едната страна кората (горниот дел), кората се засекува на неколку места, се филува со фил по ваш избор (ние ставивме блитва и урда) и се витка секоја кора како ролат. Се премачкуваат со жолчка и малку млеко и се поросуваат со семки по ваш избор.

Се печат околу 30 минути на 200 степени.