Овие намирници се доказ дека јаглехидратите можат да бидат многу здрави

Фото: Pexels
226

Мит е дека сите јаглехидрати се нездрави. Всушност, многу од најздравите намирници се богати со јаглени хидрати.

Во текот на последните неколку години, јаглехидратите дојдоа на лош глас. Луѓето често ги поврзуваат со зголемување на телесната тежина, дијабетес тип 2 и мноштво други здравствени состојби. Да, точно е дека на преработената храна богата со шеќер и рафинираните житарки обично им недостасуваат важни витамини и минерали. Меѓутоа, многу намирници богати со јаглени хидрати се исто така богати и со други хранливи материи и влакна и всушност можат да бидат многу добри за вас.

Додека исхраната со малку јаглехидрати може да биди корисна за некои луѓе, нема причина целосно да се избегнува храна богата со јаглехидрати. Еве неколку намирници со висока содржина на јаглехидрати кои се всушност неверојатно здрави.

Киноа

Киноата стана неверојатно популарна меѓу луѓето кои водат сметка за здравјето. Се класифицира како псевдожитарка, што е семе кое се подготвува и се јаде како зрно. Готвената киноа содржи 70% јаглехидрати, што ја прави храна богата со јаглени хидрати. Сепак, таа е и добар извор на протеини и влакна.

Киноата е богата со многу минерали и растителни соединенија и е поврзана со различни здравствени придобивки, вклучително и подобрување на контролата на шеќерот во крвта и здравјето на срцето. Покрај тоа, не содржи глутен, што ја прави популарна алтернатива на пченицата за оние кои се на диета без глутен. Киноата е исто така многу заситна бидејќи е релативно богата со влакна и протеини. Поради оваа причина, може да помогне во промовирањето на здравото управување со тежината и здравјето на цревата.

Овес

Овесот е неверојатно здраво целовита житарка и одличен извор на многу витамини, минерали и антиоксиданти. Сировиот овес содржи 70% јаглехидрати. Порција од 1 чаша (81 грам) содржи 54 грама јаглени хидрати, вклучувајќи 8 грама влакна.

Овесот е исто така релативно добар извор на протеини и содржи повеќе протеини од повеќето житарки. Јадењето овес, исто така, може да го намали нивото на шеќер во крвта, особено кај луѓето со дијабетес тип 2. Понатаму, овесот е многу заситен, што може да помогне да се одржи здрава тежина.

Хељда

Како киноата, хељдата се смета за псевдожитарка. Поради оваа причина, не е сродна со пченицата и не содржи глутен. Сировата хељда содржи 75 грама јаглени хидрати, додека варената каша од хељда содржи околу 19,9 грама јаглени хидрати на порција од 100 грама. Хељдата е многу хранлива, содржи и протеини и влакна. Исто така, има повеќе минерали и антиоксиданти од многу други житарки.

Банани

Една голема банана (136 грама) содржи околу 31 грам јаглени хидрати, во форма на скроб или шеќер. Бананите се богати и со калиум и витамини Б6 и Ц, а содржат и неколку корисни растителни соединенија. Благодарение на нивната висока содржина на калиум, бананите можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и подобрување на здравјето на срцето.

Незрелите зелени банани имаат повеќе скроб. Тој е претвора во природни шеќери како што созреваат бананите, а во процесот стануваат жолти. Затоа, ќе консумирате повеќе скроб и помалку шеќер ако јадете банани додека се помалку зрели.

Сладок компир

Слаткиот компир е вкусен и хранлив коренест зеленчук. Половина чаша (100 грама) пире од сладок компир содржи околу 20,7 грама јаглени хидрати, кои се состојат од скроб, шеќер и влакна.

Слаткиот компир е и богат извор на витамин А, витамин Ц и калиум. Уште повеќе, тој е преполн со антиоксиданти, соединенија кои помагаат во неутрализирање на штетните слободни радикали во вашите клетки за да ве заштитат од хронични болести.

Јаболка

Јаболката се добро познати по нивниот сладок вкус и крцкава текстура. Достапни се во многу бои, големини и вкусови и сите генерално содржат околу 14-16 грама јаглени хидрати на 100 грама. Јаболката исто така може да се пофалат и со многу витамини и минерали, но обично само во мали количини. Сепак, тие се добар извор на витамин Ц, антиоксиданти и растителни влакна. Јадењето јаболка има и неколку здравствени придобивки, вклучително и подобрување на управувањето со шеќерот во крвта и здравјето на срцето.

Наут

Оваа мешунка содржи 27,4 грама јаглени хидрати на порција од 100 грама, заедно со речиси 8 грама влакна. Исто така е добар извор на растителни протеини. Наутот содржи многу витамини и минерали, вклучувајќи железо, фосфор и витамини од групата Б.

Мит е дека сите јаглехидрати се нездрави. Всушност, многу од најздравите намирници се богати со јаглени хидрати. Сепак, не треба да јадете јаглехидрати во големи количини ако сте на диета со малку јаглехидрати. Покрај тоа, рафинираните јаглехидрати, како што се белиот леб и тестенините, можат да бидат нездрави во големи количини. Сепак, можете да уживате во овие хранливи, вкусни јаглехидрати како дел од здравата исхрана со целовити намирници.