Газираната вода може да го намали лошиот холестерол?

Фото: Pexels
313

Една студија покажала дека пиењето природна газирана минерална вода може да го намали „лошиот“ ЛДЛ холестерол и да го зголеми „добриот“ ХДЛ холестерол.

Од една страна имаше информации дека газираната вода не е добра во големи количини, други велат дека е, а трети дека обичната вода е подобра опција. Каде е вистината?

Ако преферирате газирана вода, не грижете се – таа го освежува и хидрира телото исто како и обичната вода и нема штетно влијание врз организмот.

„Газирано“ здравје
Иако газираната вода содржи јаглерод диоксид, таа нема значително да ѝ наштети на вашата забна глеѓ. Всушност, штетата е толку минимална што ќе мора да пиете огромни количини газирана вода за да ја оштетите забната глеѓ.

Од друга страна, газираните сокови содржат фосфорна киселина, која го раствора калциумот во забната глеѓ и ги ослабува забите.

Можеби сте слушнале дека газираната вода може да го „исцрпи“ калциумот од коските и да доведе до остеопороза. Сепак, ниту едно истражување не ги потврдило овие шпекулации.

А газираната вода со вкусови?
Единственото нешто на што треба да внимавате е газираната вода со вкусови. Некои од нив се збогатени со природни, чисти овошни сокови, но повеќето содржат шеќери, вештачки засладувачи и непотребни калории. Внимавајте што избирате.

Некои газирани минерални води содржат и натриум, кој во големи количини може негативно да влијае на високиот крвен притисок.

Природната газирана минерална вода е добра за здравјето, во умерени количини. Оние кои не поднесуваат млечни производи и боледуваат од остеопороза можат на овој начин со помош на газирана вода да внесат доволни количества на калциум, кој се апсорбира подеднакво добро како и кога го внесуваме преку млечните производи.

Интересно е да се истакне дека оваа вода е добра за луѓето со покачен холестерол. Една студија покажала дека пиењето природна газирана минерална вода може да го намали „лошиот“ ЛДЛ холестерол и да го зголеми „добриот“ ХДЛ холестерол.