Генијално: Како да го зачувате магдоносот свеж без замрзнување?

Фото: Pexels
381

Магдоносот е секојдневен зачин во нашите кујни, но често е предизвик да се одржи свеж. Освен замрзнување, постои за ова и друг начин. Блогерката за храна Бусе Зејнеп на својот Инстаграм сподели трик кој ќе ја зачува свежината на магдоносот, но и други зелени зачини, до 30 дена. Сѐ што ви треба е тегла со капак, чаша и малку вода.

Магдоносот не е само декорација на нашите јадења, туку многу повеќе од тоа.

Листовите од магдонос содржат бројни витамини и минерали, па затоа овој зачин е и лековит. Добар е за варењето, делува противвоспалително, а меѓу другите бројни придобивки е и тоа што го стимулира протокот на крв.

Меѓутоа, кога станува збор за магдоносот како секојдневен сојузник на нашата кујна, има еден проблем, а тоа е како да го одржуваме подолго време свеж.

Секако дека не можеме да трчаме на пазар на секои неколку дена за да земеме свеж магдонос.

Кујнскиот трик со магдонос на Инстаграм го сподели блогерката за храна Бусе Зејнеп, а објавата наиде на стотици илјади позитивни реакции.

Блогерката тврди дека на овој начин ќе ја зачувате свежината на магдоносот во фрижидер и до еден месец.

Сѐ што ви треба е една китка магдонос, мала чашка и тегла со капак.

На капакот од теглата ставете мала стаклена чашка со вода, како онаа за ракија.

Во теглата ставете ја китката магдонос наопаку, така што стеблата да бидат свртени нагоре.

Превртете ја теглата кон капакот со чашата, така што стебленцата од магдоносот ќе ги ставите во водата и внимателно затворете ја.

Водата треба да се менува на неколку дена, а магдоносот да остане свеж неколку недели, тврди познатата блогерка.
Ако не ви е сосема јасно објаснувањето, погледнете го видеото.