Гладувањете подмладува и го продолжува животот?! Според јапонските научници, тајната на долговечноста е во еден оброк дневно

Фото: Unsplash
834

Нутриционистите ширум светот веројатно нема да ги поддржат јапонските совети, но Јошинори Нагумо, претседател на Меѓународната асоцијација против стареење и клиниката Нагумо, специјализирана за борба против ракот, вели дека ако сакате да живеете долг живот, вашите црева мора да кркорат.

Јошинори Нагумо, претседател на меѓународното антиејџинг здружение и на клиниката „Нагумо“, која е специјализирана за борба против ракот, вели дека ако сакате да живеете долг живот, цревата мора да ви кркорат. Гладот ​​е неопходен за физичкото здравје, а движењето на дебелото црево на клеточно ниво е знак дека во телото се случуваат позитивни реакции, кои исто така и подмладуваат. Според нив, тајната на долговечноста е во еден оброк дневно!
„Гладот ​​е од суштинско значење за физичкото здравје. Кркорењето на цревата, на клеточно ниво, е знак дека во телото се случуваат позитивни реакции кои воедно и подмладуваат“, пишува во својата книга овој доктор кој веќе десет години се храни на тој начин, односно, јаде само еден оброк дневно.

Низа експерименти, според него, покажале дека калориската рестрикција од 40 отсто го зголемува животниот век за 50 отсто.

Што се случува во телото кога се применува овој режим?

Висцералните масти се намалуваат и се активира генот за долговечност . Потребни се 52 дена за целосно обновување на сите клетки во телото. Важно е да знаете нешто друго.

„Кога јадете еден оброк дневно, сакале или не, ќе бидете гладни. Ефектот е дека обемот на половината ќе ви се намалува постепено. Во текот на овој процес ќе се лачи чудесен хормон – адипонектин, кој ја спречува атеросклерозата и ја чисти крвта“, вели Нагумо.

Вели дека лошата исхрана не зависи од количината туку од квалитетот на оброкот. Оваа диета, која веројатно е една од најрадикалните, веќе наиде на остри критики од нутриционистите ширум светот кои велат дека овие совети треба да се земаат со голема резерва.

Да се јаде еднаш или двапати на ден

Во правилата на современата исхрана, веќе неколку години сѐ повеќе се инсистира на разредување на дневните оброци. Ова е голема промена во споредба со не толку одамна кога општиот совет за здравите луѓе беше да јадат што почесто, пет или шест оброци дневно. Откако се појави трендот на гладување како метод не само за слабеење, туку и за поздрав живот воопшто, започнаа различни варијанти на гладување (кое во англосаксонското говорно подрачје се нарекува intermittent fasting) во комбинација со различни видови на исхрана.

Идејата на intermittent fasting е да се прескокнат 16-18 часа помеѓу оброците. Постојат и поекстремни варијанти, но тие мора да се вршат под медицински надзор.

Имаме пример за новата диета наречена OMAD (Once A Day Meal), која произлегува од овој растечки тренд на намалување на бројот на дневни оброци. Реномираниот портал за луѓе со дијабетес, ASweetLife, објави текст на познатиот готвач Рос Волен, инаку, дијабетичар тип 1, кој се префрлил на диетата „Once A Day Meal“ (OMAD) или, во превод, еден оброк дневно.

Извештајот на Волен за неговото повеќемесечно искуство е многу интригантен. Концептот на ОМАД диетата е исклучително едноставен: јадете еднаш дневно, еден голем оброк на ден, колку што сакате и што сакате, сето тоа во рок од еден час, а не јадете во другите 23 часа. Диетата ОМАД во основа е специфична форма на intermittent fasting бидејќи ги носи сите негови бенефити. ОМАД, како и програмираното гладување, носи намален внес на калории, овозможува соодветна ензимска и хормонална реакција, како и чистење на организмот. Меѓу другото, гладувањето предизвикува автофагија, деструктивен механизам кој ги разградува непотребните и нефункционални клеточни компоненти.
Во основа, намалувањето на калориите со OMAD се случува затоа што е малку веројатно дека ќе внесете онолку калории во еден голем дневен оброк колку што би јаделе во неколку оброци на ден. Не треба да се потценува потребата од прејадување, но во принцип логично звучи идејата дека нема да се прејадете премногу бидејќи е логично прејадувањето да ви се смачи во еден оброк.

Треба да се напомене дека и кај нас голем број луѓе ја применуваат најблагата варијанта на intermittent fasting. Тоа се два оброка на ден. Оние кои го прават тоа свесно, најчесто избираат да го прескокнат појадокот за да имаат ручек и вечера во рамките на осум часа. Оние кои го прават тоа несвесно, го прават најчесто затоа што немаат време или пари за правилни оброци и воопшто не размислуваат дека можеби даваат многу значаен придонес за нивното здравје.

Сепак, нема долгорочни студии кои би ја потврдиле безбедноста, па дури и лековитите својства на intermittent fasting или пак на диетата ОМАД. Треба да се знае дека концептот ОМАД е многу тешко да биде одржлив на долг рок, меѓу другото, затоа што е тешко социјално прифатлив. Луѓето тешко ги поднесуваат сомничавите погледи од оние на кои сте им чудни затоа што не јадете барем три пати на ден.

Најважно е да се предупреди дека сите луѓе со дијабетес кои користат какви било лекови за контрола на гликемијата, особено инсулин, мора да го известат својот лекар доколку се обидат со диетата ОМАД или некоја форма на intermittent fasting за да добијат соодветен совет.