Главица полна со здравје и витамини: Зелката делува превентивно против ракот

Фото: Pexels
570

Делува превентивно против ракот, помага при слабеење, го подобрува варењето, има антиинфламаторни својства, лекува чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, го зајакнува имунитетот, го чисти организмот, ја ублажува депресијата и анксиозноста, ја подобрува концентрацијата и помага при респираторни заболувања.

Зелката е многу ефикасен и достапен лек за многу болести. Содржи дури 42 мг витамин Ц, витамин А, фолна киселина, како и минерали, магнезиум, железо, фосфор, калциум, калиум и натриум. Има многу видови на зелка, а најпознати се белата и црвената зелка. Најделотворна е црвената зелка, која е до седум пати полековита од белата, а нејзината боја укажува на присуство на лековити соединенија антоцијани.

Зелката е најдобро да се јаде сирова или кратко варена. Сировата зелка помага при анемија, несоница, депресија и анксиозност. Делува превентивно против ракот, помага при слабеење, го подобрува варењето, има антиинфламаторни својства, лекува чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, го зајакнува имунитетот, го чисти организмот, ја ублажува депресијата и анксиозноста, ја подобрува концентрацијата и помага при респираторни заболувања.

Се верува дека киселата зелка потекнува од Кина, уште пред 2.000 години. Со оглед на тоа што не постоеле современите начини за зачувување на храната, како што се фрижидери и замрзнувачи, единствениот начин да се спречи брзото расипување на храната бил преку процесот на ферментација. Ферментацијата на зелката се смета за најстар облик на зачувување на зелката и затоа се смета за еден од најважните извори на храна уште од 4 век п.н.е.

Денес киселата зелка најчесто се служи со оброци и е многу популарна во централна Европа, поточно во Германија. Има бројни здравствени придобивки, имајќи предвид дека има доволно количество на витамини Ц и К, доволно влакна, а исто така ја подобрува енергијата и имунолошкиот систем со железо. Иако има многу предности, треба да се јаде умерено, бидејќи зелката се ферментира со сол и е полна со натриум.

Половина чаша кисела зелка содржи 20 проценти од препорачаната дневна количина на натриум. Покрај тоа, содржи 13 калории, од кои 0 грама масти, 4 грама влакна, 7 грама јаглени хидрати, 2 грама шеќер и 1 грам протеини. Меѓу основните микронутриенти, содржи натриум, витамин Ц, витамин К, железо, манган, витамин Б6 и фолна киселина.