Го штити срцето, го спречува ракот, го регулира варењето: Дали сте го пробале овој цитрус голем како диња?

Фото: Pexels
256

Дали знаете што е тоа помело? Станува збор за цитрусно овошје чиј плод е голем колку диња. Потекнува од Азија и е главен предок на грејпфрутот, на кој наликува и по вкус, но е посладок.

Овој цитрус со големина на овошје кај нас се појави последните години, такашто, не е баш дека сме навикнати да го консумираме, но со оглед на тоа што го сметаат за еден од најздравите цитрусни плодови, можеби е време да почнете. Станува збор за помело, чиј плод е голем колку диња. Потекнува од Азија и е главен предок на грејпфрутот, на кој наликува и по вкус, но е посладок. Тој е одличен извор на витамин Ц, кој е моќен антиоксидант кој помага да се спречи оштетувањето предизвикано од слободните радикали.

Помелото е исто така богато со витамини Б1 и Б2, како и со минерали, како што се бакар и калиум.

Еве за што е добар овој цитрус:

Го регулира варењето

Обично се препорачува да се јадат најмалку 25 грама влакна дневно. Едно помело содржи шест грама. Веројатно нема да го јадете целото овошје одеднаш, но добро е да знаете дека тоа е особено богато со нерастворливи влакна кои додаваат волумен на столицата, па затоа се добри за спречување на запек.

Овошните влакна се поврзани со подобрена густина на коските, долгорочно одржување на оптималната телесна тежина, подобро здравје на цревата и мозокот и намален ризик од некои хронични болести.

Освен влакна, помелото содржи и протеини, а двете од овие хранливи материи ни помагаат да се чувствуваме посити подолго време, што доведува до намалување на вкупниот внес на калории.

Излупеното помело, тешко околу 600 грама, содржи околу 230 калории, што е релативно малку за толкаво количество храна.

Го чува срцето

Помелото може да влијае на намалување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта, масти поврзани со срцеви заболувања. Во тринеделното истражување во кое стаорците добиле концентриран екстракт од помело, нивното ниво на триглицериди било намалено за 21 отсто, вкупниот холестерол за шест отсто, а ЛДЛ (т.н. лош) холестерол до 41 отсто.

Спречува настанување на канцер

Помелото може да биде корисно за убивање на клетките на ракот и спречување на нивното ширење. Студијата на глувци покажала дека екстрактот од кора од помело го потиснува растот на туморот, го поддржува имунолошкиот систем и ги убива клетките на ракот.

Како да го јадете

Пред јадење, помелото треба да се излупи, а тоа се прави на ист начин како со портокал. Како и другите цитрусни овошја, помелото е поделено со бела мембрана на резенки кои лесно се одвојуваат.