Зачинета супа од наут готова за половина час!

Фото: Freepik
158

Ако имате гарам масала, овој зачин ќе ѝ даде на супата индиски шмек, а кокосовото млеко ќе ѝ даде кремаст изглед. Оваа супа ќе можат да ја јадат и луѓе кои избегнуваат храна од животинско потекло

Наутот обично го јадеме како намаз (хумус) или како состојка за фалафел, а поретко како чорба или салата. Ви носиме уште една нова и кул идеја – за зачинета крем супа од леблебија која се подготвува брзо и навистина едноставно.

Затоа што е добро да се јаде наут кој е здрава намирница полна со диетални влакна, што е особено добро за луѓето кои се обидуваат да го стабилизираат крвниот притисок.

За подготовка на оваа супа ќе ви треба само половина час, а оваа количина е доволна за 6 лица. Една порција има околу 300 калории.

Зачинета супа од наут
Состојки:

2 лименки варен наут
400 мл кокосово млеко
конзерва пелати, исцедени и исечкани
¼ чаша сок од јаболко без додаден шеќер
¼ чаша сечкани свежи листови од коријандер
½ лажичка гарам масала
½ лажичка ѓумбир во прав
1 чаша супа од зеленчук или вода
сол, свежо мелен пипер
¼ чаша павлака
2 млади кромидчиња, само зелениот дел, ситно сечкани

Приготвување:

Изблендирајте го исцедениот наут со кокосовото млеко, доматите, сок од јаболко, листовите коријандер, гарам масала и ѓумбирот во прав додека не добиете мазно пире.
Префрлете го пирето во среден сад, додадете ја супата и оставете го да се вари на средна топлина. Ставете сол и пипер по вкус. Доколку е потребно (ако супата е премногу густа), додадете уште вода или супа. Послужете со лажица павлака во средината и поросете со сечкан млад кромид.

Супата можете да ја направите и однапред и да ја оставите во фрижидер за следниот ден, а пред послужување само малку да ја загреете.

Можете дел од конзервираниот наут да искористите подоцна за сервирање.