во Велика Британија е направено големо истражување на 60.000 луѓе кои биле следени девет години. Истражувањето открило дека консумирањето на медитеранската исхрана е поврзано со 55 отсто помал ризик од деменција и зголемување на когнитивните функции
Д-р Тим Тиутан е познат американски лекар, онколог кој често советува како да живеете што подолго и здраво.
Така во најновото видео тој вели:
Ова е храна која се бори против деменција и рак. Имено, во Велика Британија е направено големо истражување на 60.000 луѓе кои биле следени девет години. Истражувањето открило дека консумирањето на медитеранската исхрана е поврзано со 55 отсто помал ризик од деменција и зголемување на когнитивните функции, вели д-р Тим и продолжува да објаснува.
Медитеранската исхрана го намалува ризикот од деменција, рак, срцеви заболувања и други хронични заболувања. Една од студиите споменати овде ја истакна важноста на јаткастите плодови (кои исто така имаат придобивки за превенција од рак) и маслиновото масло во исхраната, што доведува до когнитивни придобивки.
Оваа диета вклучува:
Зеленчук
Цели зрна
Мешунки
Јаткасти плодови и семиња
Масти здрави за срцето
Риба
Живина
Помали порции црвено месо
Избегнувајте:
Преработена храна (паштета, салама, чипс, виршли, месни појадоци…)
Шеќер
Брза храна
Премногу бел леб и колачи
Слатки
Млечни чоколади