Со грав до рамен стомак?!

Фото: Unsplash
549

Според експертите, сојузник за рамен и привлечен стомак е токму онаа намирница за која многумина од нас знаат да кажат дека ги подува. Да видиме кое е објаснувањето на експертите

Дури и за оние што посветено вежбаат, понекогаш е многу тешко да се ослободат од салото на стомакот и на оние тврдоглави наслаги на колковите. Често слушаме дека „рамен стомак се гради во кујната“ и наидуваме на совети за тоа кои намирници треба да ги прескокнеме, но диететичарката и авторка Синтија Сас смета дека првото нешто што треба да направиме е паметно да го избереме нашето дневно мени. „Ако јадете правилен вид на храна, тоа може да ви помогне побрзо да ги изгубите мастите“, вели таа во своето интервју за Today.

А која храна е всушност наш најголем сојузник за рамен и привлечен стомак? Ако ја прашате Синтија, тоа е – гравот. „Ако станете љубител на грав, тоа може да ви помогне да изгубите тежина и да го намалите стомакот“, вели таа додавајќи дека луѓето кои редовно јадат грав имаат помал струк и 22 отсто помал ризик од дебелеење. Со неа се согласува и популарниот американски кардиолог и телевизиско лице д-р Оз.

„Гравот е полн со растворливи влакна, кои потикнуваат добри бактерии во цревата, а со тоа се поврзува воспалението поврзано со стомачните масти“, вели д-р Оз, кој препорачува да вклучите мала порција грав (една чаша) со секој оброк – дури и со појадокот! Можеби звучи необично, но всушност не е толку тешко – можете да додадете грав во салата на пример или да подготвите вкусни мафини од наут.