Хит во Австрија: Јадлив производ кој изгледа како лосос, произведен со 3Д принтер

147

Производот направен со помош на 3Д принтер е целосно јадлив, а производителите тврдат дека неговиот нутритивен профил наликува на оној на парче див лосос.

Австриската старт-ап компанија Revo Foods на пазарот објави производ со едноставно име The Fillet. Станува збор за производ кој наликува на филет од лосос, иако нема многу врска со таа риба. Поточно, тоа е растителна алтернатива за лососот.

Фактот дека Revo Foods создала производ кој е растителна алтернатива за рибата не е нешто ново на светскиот пазар, каде секојдневно се појавуваат иновативни вегански производи. Сепак, ретки се оние кои се произведуваат со помош на 3D принтер, а овој е токму таков.

Растителната замена за филети лосос направени со 3D принтер има околу 9 грама протеини на 100 грама производ.

Направен е од микропротеин – протеин добиен од печурки, ги содржи сите 9 основни амино киселини, омега 3 масни киселини од растителни масла и масло од алги и витамини А, Б2, Б3, Б6, Б12 и Д2.

Производот направен со помош на 3Д принтер е целосно јадлив, а производителите тврдат дека неговиот нутритивен профил наликува на оној на парче див лосос.

Филето и изгледа како парче лосос, а неговата текстура е исто така исклучително слична на оваа риба, а може да се подготви на начин на кој обично би подготвиле класичен лосос.

Во него нема шеќер, глутен или холестерол. За жал, повеќе го нема ни на пазарот. Производот бил распродаден за само неколку дена откако се појавил на полиците на австриските продавници на 14 септември оваа година.

Пакување од 130 грама се продавало по цена од 6,99 евра. Може да следите кога ќе се печати новата серија на официјалната веб-страница на производителот.