Необичен куглоф кој мора да го пробате

Фото: Unsplash
372

Овој сочен колач е интересен поради тоа што во себе вклучува пире од слатки компири, но и доста цимет

Сочен куглоф со интензивна нота на цимет е совршен избор за есенските денови. Подготовката на тестото е брзо и лесно, а остатокот од работата ќе мора да ѝ го препуштите на вашата рерна.

Овој куглоф ќе биде доволен за 10 порции. Остатокот, доколку го има, може да се чува на собна температура во кутија со капак.

Истата смеса можете да ја користите и за подготовка на мафини. Ако немате калап за куглоф или калап за мафини, ќе ви заврши работа и долгнавест калап за леб.

Состојки:

Пире од 4 големи слатки компири (приближно 850 г)
250 гр шеќер
180 мл млеко
180 мл масло
4 јајца (L)
450 гр брашно
2 лажички сода
1 лажичка сол
1 кафена лажичка морско оревче
2 лажички цимет
1 лажичка пимент
1/2 лажичка прашок за пециво

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намрсете голем калап за куглоф и поросете го со брашно.
Сварете го слаткиот компир и изгмечете го во пире со две лажици вода или млеко.
Во пирето додадете шеќер, млеко и масло и измешајте. Додавајте едно по едно јајце и нежно измешајте.
Додадете ја смесата од брашно, сода, прашок за пециво и сите зачини, измешајте и истурете го тестото во подготвениот калап.
Печете околу еден час, па со чепкалка проверете дали е готово. Доколку забележите дека пребрзо добива боја, покријте го со алуминиумска фолија.
Оставете го куглофот да се излади 15 минути во калапот, а потоа внимателно извадете го.
Куглофот можете да го премачкате со темно чоколадо или да направите шеќерен прелив. Измешајте 250 гр шеќер во прав со една лажичка цимет и пет лажици слатка павлака. Нанесете го преливот со лажица врз изладениот куглоф.