Храната како шминка?! Путер и какао наместо пудра, куркума наместо сенка… (ВИДЕО)

Фото: Freepik
169

Да, да, добро прочитавте… Девојката од видеото подолу за да се нашминка користи исклучиво храна…

Храната и нејзината примена како средство за разубавување, не е новина. На пример, краставици на очи против подочници, банана на лице за смирување на кожата, белка од јајце за затегнување. Но сето тоа што го спомнавме се само природни третмани за разубавување, додека пак ова што го прави оваа девојката во видеото, е сосема поинакво.

За пет минути со намирниците кои тукушто ги испазарила од продавница, таа комплетно се нашминка. Путер и какао наместо пудра, чоколадо наместо коректор, мед за фиксирање на веѓите, јаготка наместо кармин и што уште не.

На моменти дури ќе ви биде тешко да поверувате што сè таа нанесе на своето лице како алтернатива за разубавување.

Иако е интересно, не би ви советувале да се нашминкате на овој начин, со оглед на тоа што веројатно, само што ќе излезете на вашето лице ќе слетаат сите можни оси и пчели за да ја испробаат сета таа вкусна храна со која ќе се разубавите.

Но, во секој случај, интересно е да се погледне.