И брза и здрава роденденска торта

287

Еве одличен рецепт да ги почестите колегите со домашна торта за роденден или за некоја друга пригода. Рецептот е од нашиот колега Коста

Ако имате тавче од 27 сантиметри, едно јајце, 150 грама брашно, 150 милилитри масло и 300 грама мелени ореви, едно чоколадо, половина литар млеко и половина коцка путер (125 грама), тогаш имате сѐ што ви треба за да ја направите најбрзата здрава торта во светот.

Има само еден услов – чоколадото да биде со природниот шеќер стевиа или да се користи купечка стевиа и какао.

Измешајте ги овие состојки, освен чоколадото, путерот, 50 грама ореви и половина од млекото кои треба да останат за филот.

Истурете ја смесата во подмачкано тавче или врз хартија за печење и печете ја половина час на 180 степени. Некои додаваат и пасирана банана за да добие на сладост.

Пред да се испече тестото до крај почнете со филот.

Стопете ги чоколадото, путерот, преостанатите ореви и млекото и истурете ја течната смеса врз тестото. Нека се лади.

И ете го или, што би рекол Коста – Et voila или како што би рекле нашите стари: Eвала, еве!