Проверено најдобри намирници за успешно слабеење

Фото: Pexels
516

Заборавете на гладувањето и „навалете“ на овие намирници за да го изгубите вишокот килограми.

Нутриционистката Џес Кординг објаснува за Women’s Health кои се најдобрите намирници за согорување на калории што можете да ги јадете без грижа на совест.

Пилешко и мисиркино

Овие протеини ќе ви дадат долготрајно чувство на ситост и ќе се чувствувате задоволни после јадење, па нема да бидете принудени да „грицкате“ нешто друго.

Тие се одличен извор на триптофан, кој служи како прекурсор за создавање на невротрансмитерот серотонин.

„Ако не сте во добро расположение или сте под стрес, важно е да го зајакнете производството на серотонин во вашето тело за да го балансирате вашето расположение, да го намалите емоционалното прејадување и да спречите „јадење“ од стрес“, особено додека се обидувате да изгубите тежина“, вели Кординг.

Јаткасти плодови и нивните путери

„Јаткастите плодови се полни со здрави масти, влакна и протеини, што е совршена комбинација за одржување на енергија и ситост“, вели Кординг.

Тие се богати со калории, така што нема да ви треба многу за да се заситите со грст јаткасти плодови или неколку лажици од нивниот путер (бадем, кикиритки, итн.), а Кординг додава дека со некои од нив, како ореви, ќе додадете и омега-3 масни киселини во вашата исхрана кои помагаат да се намали воспалението во телото.

Јајца
Уште еден одличен извор на протеини и здрави масти, Кординг вели дека ќе ви помогне да ја одржите мускулната маса додека согорувате маснотии.

Со оглед на тоа што едно големо јајце содржи 70 калории, ќе биде одлично за контролирање на порциите, а имаат и холин, соединение кое помага за здравјето на мозокот и DHA (докосахексаеноична киселина), која има антиинфламаторно дејство.

Млеко, јогурт и сирење

Млекото нуди многу калциум за градење на коските (300 мг) и животински протеини (8 грама), а не мора да ги бирате оние со малку маснотии за да уживате во него.

„Иако ќе внесете малку повеќе калории, ќе се најадете повеќе и ќе ги апсорбирате хранливите материи, вклучително и витамините Д и А, ако ги бирете оние помасните“, вели Кординг.

Дополнително, пробиотиците од јогуртот ќе ја помогнат функцијата на целиот организам и варењето и ќе го зајакнат имунитетот.

Зрнесто овошје

Бидејќи се полни со влакна, овие слатки бобинки ќе ви помогнат да бидете сити и да ја намалат желбата за храна додека ги топат мастите.

На пример, во една шака боровинки ќе добиете помалку калории (приближно 84) и повеќе влакна (3,6 г) отколку во една голема банана.

Тие се антиинфламаторни и полни со антиоксиданти кои помагаат да се одржи имунолошкиот систем силен и здрав.

Маслиново масло

Повеќето масла за готвење се богати со мононезаситени масти, околу 14 грама по лажица, што ќе ве спречи да грицкате и ќе ве засити.

Кординг посебно го издвојува маслиновото масло кое го препорачува во секое јадење.

Авокадо

„Тие се одлична комбинација од мононезаситени масти и влакна, кои помагаат да бидете сити“, вели Кординг. Тоа е исто така добар извор на калиум, кој спречува задржување на водата и надуеност, а сето тоа е добредојдено кога се обидувате да изгубите тежина.

Многу е калорично, па ќе ви биде доволна само половина порција, на пр. со тост или јајца.

Помасни риби
Лосос, туна, скуша, сето тоа се риби кои ќе помогнат да се изградат мускули и да се заситите. Лососот е полн со омега-3 масни киселини кои помагаат во намалување на воспалението и согорување на мастите.

Грејпфрут
Ова цитрусно овошје помага во регулирањето на шеќерот во крвта и има многу влакна, околу 3 грама во еден плод од 80 калории.

Бидејќи има малку калории, можете да го јадете помеѓу оброците без страв дека ќе се здебелите. Полн е и со витамин Ц и бета каротен, кој му помага на имунолошкиот систем.

Чили пиперки
Се покажа дека капсаицинот, компонентата на чили пиперките што ги прави лути, помага при слабеење бидејќи малку го забрзува метаболизмот.

Тоа нема да ви помогне премногу да согорувате масти, но може да му помогне на вашиот метаболизам во процесот на губење на тежината, вели Кординг.

Темно лиснат зеленчук
Богат е со железо, што пак го поттикнува протокот на кислород низ вашето тело.

Ова може да ви помогне да го максимизирате текот и резултатите од вежбањето и да согорите маснотии, објаснува Кординг.