Испробајте ги здравите и ефектни залчиња со одличен вкус

Фото: Freepik
105

Ништо комплицирано, а толку вкусно и здраво. Исто така, благодарение на силната боја на цвеклото, овие бомбици од сирење и цвекло одлично изгледаат


Топчињата од сирење и цвекло може да се класифицираат како помодерни гастро рецепти, кои дефинитивно вреди да се пробаат. Здравите и ефектни грицки би можеле доста да ве изненадат, не само со нивниот изглед, туку и со одличниот вкус!

Состојки:

400 гр цвекло
200 гр фета сирење
кромид
чешне лук
јајце
сол, црн пипер
2 супени лажици сечкани зачински билки
60 гр презли
50 гр сечкани ореви (по избор)
една лажица сусам
100 гр рукола
маслиново масло
сок од лимон

Подготовка:

Ставете во тепсија поголеми парчиња излупено цвекло. Зачинете го со малку маслиново масло, сол и сечкани билки. Печете го на 220 °C околу 45 минути. Изладете го и изрендајте го, измешајте го со здробената фета, посолете и ставете црн пипер, додадете јајце, сусам, ореви и презла.

Сè убаво измешајте, па од смесата формирајте топчиња и ставете ги во рерна на 15 минути. Изладете и послужете со рукола и зачинете со маслиново масло и сок од лимон.