Kекси против депресија и за чистење на крвта, вино за болно срце

Фото: Unsplash
383

Света Хилдегард е германска калуѓерка и исцелителка, а ја нарекуваат и чудо на 12.век. Пишувала мистични и филозофски книги, поезија, но и книги кои се однесуваат на прашања поврзани со менталното и физичкото здравје, како и рецепти за лекување на истите.

Германската калуѓерка Света Хилдегард од Бинген (1098-1179) не била само калуѓерка и игуменија на еден манастир, туку и исцелителка. Ја нарекуваат и чудо на 12.век, и тоа не само поради нејзината светост, туку и поради знаењето. Била жена со генијална надареност, пишувала мистични и филозофски книги, поезија, но и книги кои се однесуваат на прашања поврзани со менталното и физичкото здравје, како и рецепти за лекување на истите.

Рецепт за кекси за концентрација, против депресија, мрзоволие и за чистење на крвта:

„Земете по желба мускатно оревче, исто толку цимет и умерен број на каранфилчиња, иситнете ги во прав со додавање на пченично брашно и малку вода и направете кекси. Јадете ги често, па е исчезне сета гопрчина од твоето срце и од твоите мисли, твоите стеснети мисли че се проират, умот е се избистри, а гласот е се прочисти, е се намалат штетните сокови во тебе – тие кекси ќе те зајакнат“.

Света Хилдегард препорачувала и лек за болно срце – „вино за срце“.

Еве го и рецептот:

Можете да најдете 1 литар убаво чисто домашно вино – може да биде црвено, може да биде бело. Ставете 10 китки од магдонос – лисја и рачки. Додадете уште 2 лажици чист домашен вински оцет.

Ставете ги трите состојки на бавен оган додека не зовријат. Треба да користите подлабок сад, бидејќи за време на готвењето виното се пени.

Кога лекот ќе зоврие, трнете го од огнот и додадете 300 гр убав домашен мед. Мешајте додека медот не се раствори.

Потоа процедете го виното и префрлете го во стаклени шишиња, кои е ги измиете со чист алкохол, а не со вода, за да не се оштети лекот за болно срце.

Готовото „вино за срце“ се пие секој пат кога човек ќе почувствува болка, бодежи, прескокнување на срцето и други симптоми.

Земете 1 лажица – секој половина час, секој час, или поретко, во зависност од тоа колку се силни вашите болки.