Каде да го чувате лебот за време на високите температури? Експертка ја откри најдобрата опција

Фото: Pexels
347

Сè поголемо количество леб завршува во отпад поради неговиот краток рок на траење, а сега една експертка открива како лебот да остане свеж подолго време


Лебот е намирница која домаќинствата ја купуваат на неделно ниво, на два-три дена, а некои дури и почесто. Тој е важен дел од исхраната на населението, но сѐ поголема количина леб завршува во отпад поради краткиот рок на траење.

Кога температурите се многу високи, многумина избираат да го чуваат лебот во фрижидер, но експертката за отпадот од храна Софи Труман тврди дека најдобриот начин за складирање на лебот е во платнена торба.

Кога лебот се чува во влажна или премногу топла средина, може да се формира мувла, што е ризик за луѓето со респираторни проблеми и алергии.
„Запомнете, ако лебот е свежо направен, не треба да го чувате во херметичка кеса бидејќи нема да може да дише. Морате да го оставите да дише за да го одржите во оптимална состојба. Секогаш е најдобро да го чувате во корпа за леб или во платнена торба, за да се олади на собна температура“, објаснува експертката.

Таа истакнува дека фрижидерот всушност го забрзува процесот на формирање на мувла, поради процесот на ретроградација што предизвикува кристализирање на молекулите на скроб на пониски температури.

Подобра опција од ладењето е замрзнувањето, кое може да го одржува лебот свеж неколку дена. Пред јадење оставете го лебот да се одмрзне, а за крцкава структура стоплете го во рерна неколку минути.
Друго идеално место е кутијата за леб или ладно и суво место, каде што е заштитен од главните причини за расипување на лебот, топлината и влагата.